Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна. Токму затоа оваа година ве покануваме во Полихроно, да уживате заедно со вашето семејство и деца, покрај кристалното море како и многубројните продавници. Полихроно е доста познато фамилијарно туристичко место. За сите тие кои патуваат со кола, локацијата е идеална за посета на соседните туристички места како што се: Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос и мн. Други. Полихроно е дестинацијата за оваа лето, не се двоумете, резервирајте си одмор со време.
Вила Мескинисе наоѓа на 70м од плажа и на 100м од центарот на Полихроно. Вилата е целосно реновирана на почетокот од 2024-та година, секој апартман е опремен со кујна, бања, балкон и тв.
Резервациите се ограничени
ТЕРМИНИ | 1/2+1АПП | 1/3+1 АПП |
26.05-02.06.2024 | 157€ | 202€ |
02.06-09.06.2024 | 285 € | 305 € |
09.06-16.06.2024 | 385 € | 405 € |
16.06-23.06.2024 | 417€ | 435 € |
23.06-30.06.2024 | 455 € | 475 € |
30.06-07.07.2024 | 515 € | 535 € |
07.07-14.07.2024 | 555 € | 575 € |
14.07-21.07.2024 | 615 € | 635 € |
21.07-28.07.2024 | 615 € | 635 € |
28.07-04.08.2024 | 615 € | 635 € |
04.08-11.08.2024 | 615 € | 635 € |
11.08-18.08.2024 | 615 € | 635 € |
18.08-25.08.2024 | 555 € | 575 € |
25.08-01.09.2024 | 515 € | 535 € |
01.09-08.09.2024 | 455 € | 475 € |
08.09-15.09.2024 | 417 € | 435 € |
15.09-22.09.2024 | 285 € | 305 € |
22.09-28.09.2024 | 157€ | 202€ |
Што е вклучено:
- Наем на 7 ноќевања/8 дена
- Wi fi интернет
Не е вклучено:
- Автобуски превоз (45 евра за возрасни и деца до 11,99 – 35 евра)
- Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во агенција
- Здравствено и патничко осигурување
- Клима уред се доплаќа на лице место во објектот
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
- Првиот и последниот термин кои се со (црвено) се исклучиво со целосна уплата.
- За роденденските попусти е потребна уплата од мин. 50% а остатокот 7 дена пред поаѓање. Местата се строго ограничени
- Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
- Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
- Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
- По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
- За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А. МАЈ ТРАВЕЛ ;