Неи Пори е место кое сеуште претставува нај урбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пиериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелените појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, kартинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотив за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните.

Вила ТУЛА се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори .Располага со 7 соби од кои ( студија 1/2, студија 1/3 дуплекс 1/3+1/2 ).Вилата се наоѓа 190 м одалечена од плажа .Wi-fi – бесплатно додека климата е со доплата 5 евра на ден во студијата и 8 евра во дуплексот

GPS Kordinati : 39.97393, 22.65581

– 10% попуст за резервации  до 01.05.2024 за термините во  мај и јуни (попустот важи за сите нови резервации направени од 19.03.2024)

ТерминНоќи1/2 студиоБр.4Приземје,поглед на балкон во ѕид1/3 студиоБр.1Приземје1/4 студиоБр.81 кат, поглед на балкон во ѕид1/4 студиоБр.2Бр.3Приземје1/3 студиоБр.51 кат1/4 студиоБр.61 кат1/3+1/2Бр.7ДуплексАпартман1 кат
24.05.24960 промо90 промо110 промо110 промо100 промо120 промо150 промо
02.06.247125145170170160180199
09.06.247180210249249230259280
16.06.247249279319319299329380
23.06.247289320359359340369460
30.06.247310350379379370389490
07.07.247340380409409400419520
14.07.247359399429429419439530
21.07.247359399429429419439530
28.07.247379420449449440459550
04.08.247379420449449440459550
11.08.247359409429429419439530
18.08.247349399419419409429520
25.08.247319340379379360389470
01.09.247279309359359340369420
08.09.247239269309309299319390
15.09.247179209239239229249340
22.09.24780100169179110189220

ОПИС

1/2 СТУДИО БР 1– Се наоѓа на приземје , има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од десната страна при влез на вилата. Во влезот на студиото се наоѓаа помала кујна со решо и мал фрижидер , има сопствено мало WC , од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата. Има Клима и ТВ.

1/3 СТУДИО БР 2 –Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса и е од левата страна при влез во самата вила. Кујната е одделена од собата со врата и е опремена со решо и мал фрижидер, WC , соба со еден дупли и еден единечен кревет. Од собата се излегува на терасата. Има клима и ТВ.

1/3 СТУДИО БР 3– Се наоѓа на приземје, има заграден дел од дворот кој се користи како тераса . Студиото располага WC , кујна која е како посебна просторија и е опремена со решо и мал фрижидер , а собата е со 3 поединечни кревети. Има клима и ТВ.

1/2 СТУДИО БР 4– Се наоѓа на приземје , има дел од дворот кој се користи како тераса и е од десната страна при влез на вилата. Во влезот на студиото се наоѓаа помала кујна со решо и мал фрижидер , има сопствено мало WC , од кујната се влегува во собата каде има два поединечни кревети и има врата за на терасата која гледа во соседната куќа (ѕид). Има Клима и ТВ.

1/3 СТУДИО БР 5– Се наоѓа на првиот кат во вилата , има сопатвена тераса , WC , собата е со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер .Има клима и ТВ.

1/3 СТУДИО БР 6 Се наоѓа на првиот кат во вилата , има сопатвена тераса , WC , собата е со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер .Има Клима и ТВ.

1/5 ДУПЛЕКС БР 7 – Се наоѓа на првиот кат од вилата има дога тераса на која се излегува од двете спални и од кујната. Кујната се наоѓа во ходникот на дуплексот помеѓу двете спални соби и е оремена со решо и голем фрижидер .Сопствено WC.

Во едната спална има 1 дупли и 1 единечен кревет а во другата спална соба има 2 единечни кревети и ТВ . Во дуплексот има 2 клими по една во секоја спална соба .

1/3 СТУДИО БР 8– Се наоѓа на првиот кат во вилата , има сопатвена тераса која гледа во соседната куќа (ѕид), WC , собата е со 3 единечни кревети и во истата просторија се наоѓа и кујната опремена со решо и голем фрижидер . Има клима и ТВ.

Wi-fi – бесплатно додека , климата е со доплата . Во дуплексот се плаќаат двете клими .

Услови под кои важи аранжманот

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 7% попуст на вториот термин попустите не се комбинираат.
  • Доплата на туристичка такса 1,5 еур на студио  од ноќ (се плаќа во објектот )
  • Користењето на клима-уред, (5 евра на ден)во студио.
  • Користењето на клима-уред, (8 евра на ден за двете клими )во дуплекс.
  • WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО (за јачина на сигнал не гарантираме).

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.780 мкд. (45евра)
  • За деца до 12 години 2,170 мкд. (35 евра) 
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
  • Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница  се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „СУПЕР ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
  • Т.А. „СУПЕР ТРАВЕЛ“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Споделете: