Неос Мармарас е најголемото приморско село на полуостровот Халкидики, на вториот крак Ситонија. Тоа е најкосмополитното место на Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Вила Џина се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Вилата располага со  двокреветни и трокреветни студија, како и 1/3+1 (со 2 единечни кревети во собата и тросед на преклоп во кујната) и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, тераса, ТВ, клима уред и WiFi.

GPS Координати : 40°05’40.2″N 23°47’12.5″E

40.094498, 23.786814

15% ПОПУСТ за резервации до 12.04.2024

ТЕРМИННАЕМ1/2 стд1/2+1aпп и 1/3стд1/4 апп
26.057 ноќи200 €230 €260
2.067 ноќи260 €300 €320
9.067 ноќи340 €380 €410
16.067 ноќи400 €440 €470
23.067 ноќи430 €470 €500
30.067 ноќи460 €500 €540
7.077 ноќи490 €530 €560
14.077 ноќи540 €580 €630
21.077 ноќи540 €580 €630
28.077 ноќи540 €580 €630
4.087 ноќи540 €580 €630
11.087 ноќи540 €580 €630
18.087 ноќи490 €530 €540
25.087 ноќи450 €480 €510
1.097 ноќи390 €440 €470
8.097 ноќи350 €400 €440
15.097 ноќи310 €350 €380
22.097 ноќи280 €300 €330

Во цената е вклучено

  • Наем на 7 ноќевања / 8 дена
  • Wi fi интернет
  • Вклучена клима

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа во вилата
  • Патничко здравствено осигурување

НАПОМЕНИ: ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
  • Цена за превоз:
  • Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€
  • Деца до 11.99 години 35 € / Еден правец 30 €
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
  • Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
Споделете: