Вила „Мина Лукс“ се наоѓа на 150 метри од плажата и се состои од две згради. Вилата има базен со лежалки (бесплатно) и се состои од двокреветни студија и четврокреветни апартмани (дуплекси). Сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, ТВ, клима (со доплата по желба) и балкони кои гледаат према базенот, ви-фи интернет (агенцијата не сносува одговорност за брзината и квалитетот на истиот). Во некои од студијата постои можност за додавање на трет дополнителен кревет. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Во дуплексите има две клими кои посебно се наплатуваат 5 евра од ден, по желба.
GPS координати: 39.706249420623905, 19.841539434566805
ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК:
ПОНУДАТА е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20€ по лице. Попустите важат до 01.04.24
7 ноќи и превоз | ВИЛА МИНА ЛУКС (базен) | ||
Термин: | ТИП СОБА | РЕДОВНА ПО ЛИЦЕ | ПОПУСТ до 01.04 |
08.06 – 15.06 | 1/4 | 149€ | 129€ – промо |
1/3 1/2 | 159€ | 139€ – промо | |
15.06 – 22.06 | 1/4 | 159€ | 149€ |
1/3 1/2 | 169€ | 159€ | |
22.06 – 29.06 | 1/4 | 169€ | 159€ |
1/3 1/2 | 179€ | 169€ | |
29.06 – 06.07 | 1/4 | 179€ | 169€ |
1/3 1/2 | 189€ | 179€ | |
06.07 – 13.07 | 1/4 | 199€ | 189€ |
1/3 1/2 | 209€ | 199€ | |
13.07 – 19.07 (6 ноќи) | 1/4 | 199€ | 189€ |
1/3 1/2 | 209€ | 199€ | |
20.07 – 27.07 | 1/4 | 249€ | / |
1/3 1/2 | 259€ | / | |
27.07 – 03.08 | 1/4 | 249€ | / |
1/3 1/2 | 259€ | / | |
03.08 – 10.08 | 1/4 | 249€ | / |
1/3 1/2 | 259€ | / | |
10.08 – 17.08 | 1/4 | 249€ | / |
1/3 1/2 | 259€ | / | |
17.08 – 24.08 | 1/4 | 249€ | / |
1/3 1/2 | 259€ | / | |
24.08 – 31.08 | 1/4 | 209€ | 199€ |
1/3 1/2 | 219€ | 209€ | |
31.08 – 07.09 | 1/4 | 179€ | 169€ |
1/3 1/2 | 189€ | 179€ | |
07.09 – 14.09 | 1/4 | 169€ | 159€ |
1/3 1/2 | 179€ | 169€ | |
14.09 – 21.09 | 1/4 | 149€ | 139€ |
1/3 1/2 | 159€ | 149€ | |
21.09 – 28.09 | 1/4 | 139€ | 129€ |
1/3 1/2 | 149€ | 139€ |
НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 1,5 евро по соба на ден. Се плаќа во автобус. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени се на попуст не се одземаат
•За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)
НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти.
- Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
- Цена само за превоз 85 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.
- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
- Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
- Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Check in во собите е после 14h по грчко време
- Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
- Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
- Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
- Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
- Според законските одредби, базенот се користи од 10-20 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
- Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
- Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
- Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во организација на МY TRAVEL
Туристичката агенција My Travel во соработка со нашиот партнер тур оператор на нашите патници им нуди единствена можност да го истражат и да уживаат во убавините на островот Крф. Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги нуди.
Во наша организација имаме неколку излети кои дополнително ќе бидат објавени