Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Soula” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со четири студија и два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен уреден двор и паркинг веднаш пред вилата.

Апартманите и студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со сите потребни елементи, додека во апартманите има големи фрижидери и голем електричен шпорет со рерна. Сите имаат клима уред, ТВ и располагаат со стандардни тоалети со туш.

Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и едно студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат. Сите располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, освен студиото бр. 6 кое има сопствен уреден и заграден двор со маса и столови.

Апартман бр. 1 (1/2+1/2+2) – 4 лица + 2  –  високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор. Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса со страничен поглед море и истата е опремена со маса и столови.

Апартман број 2 (1/2+1/2+1) – 4 лица + 1  – високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, една софа на извлекување и едно стандардно легло во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор. Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса, која е опремена со маса и столици.

Студио број 3 (1/2) – прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.

Студио број 4 (1/2) – втор кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.

Студио број 5 (1/2) – втор кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.

Студио број (1/2)– високо приземје. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено дворче кое располага со маса и столови.

1. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања1/2 студио(бр. 4 и 5)плаќаат 2 лица1/2 студио (бр. 3 и 6)плаќаат 2 лица1/4 + 2 апп(бр. 1), 1/4 +1 апп бр 2 задолжително плаќаат 3 лица
26/05-02/067899999
02/06-09/067109119119
09/06-16/067139149149
16/06-23/067169179179
23/06-30/067179199189

* цена по лице со вклучен превоз

2. Сезонски цени

ТерминНоќевања1/2 студио (бр. 4 и 5)1/2 студио (бр. 3 и 6)1/4 + 2 апп(бр. 1), 1/4 +1 апп бр 2  
30/06-07/077409439599
07/07-14/077429459629
14/07-21/077449499669
21/07-28/077449499669
28/07-04/087449499669
04/08-11/087449499669
11/08-18/087449499669
18/08-25/087449499669
25/08-01/097439479649

 * цена за наем на апартман или студио

3. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања1/2 студио (бр. 4 и 5)плаќаат 2 лица1/2 студио (бр. 3 и 6)плаќаат 2 лица1/5 + 1 апартман(бр. 1 и 2) задолжително плаќаат 3 лица
01/09-08/097179189179
08/09-15/097139149149
15/09-22/097119139119
22/09-29/097899999

* цена по лице со вклучен превоз

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман и студио ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец  2170 мкд. (35евра)
Споделете: