Локација: Се наоѓа во најубавиот дел на Ханиоти, поточно во строгиот центар на градот на околу 180 метри од плажа .  Хотелот има директен излез на градскиот плоштад а со тоа и на градското шеталиште. Со оглед на местоположбата, опкружен е со бројни ресторани, кафичи, сувенирници, продавници за гардероба како и продавници за храна, мини маркети, пекари итн.

Хотелот има рецепција која работи од 8-22 часот  секој ден, ресторан во кој се служи појадокот како и интернет конекција. Располагаме со двокреветни соби на втор кат.

Секоја соба има: две единечни легла или 1 брачно легло, сопствено купатило со туш, балкон со страничен поглед кон плоштадот, клима уред (вклучен во цена јули и август, во јуни и септември се доплаќа 5 еур. на ден по соба), фрижидер, фен. Промената на пешкири и чаршави е еднаш неделно.

Минимум престој 3 ноќи!

ЦЕНОВНИК ЗА 7 НОЌИ

ПериодБр.на ноќиСоба 1/2
   26.05 – 02.06 7190
   02.06 – 09.067220
   09.06 – 16.067270
   16.06 – 23.067290
   23.06 –  30.067320
   30.06 – 07.077340
   07.07 – 14.077360
   14.07 – 21.077360
   21.07 – 28.077360
   28.07 – 04.087360
   04.08 – 11.087360
   11.08 – 18.087360
   18.08 –  25.087360
   25.08 – 01.097290
   01.09 – 08.097260
   08.09 – 15.097230
   15.09 – 22.097210
   22.09 – 29.097190

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПОЈАДОК (BB)

Задожолжителна  доплата за туристичка такса 2,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

  • Појадок од 08:00ч до 10:00ч секој ден, шведска маса со самопослужување.
  • Доплата за вечера – 15€ по лице по оброк, деца до 10,99 години -10 € по оброк

Превозот се доплаќа

Возрасен               45 повратен / 35 еден правец

Деца од 02-12г.    35 повратен / 30 еден правец

Деца до 2г.            Бесплатно (без седиште).

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  • Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

НАПОМЕНА

  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
  • Сместувањето во собите е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на собите е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.
  • За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

Важат општите услови за патувањe на Т.А. МАЈ ТРАВЕЛ и СКТМ

Споделете: