ОПИС

Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Паркинг за возила сама вила не нуди, но има на 30м од самата вила веднаш до хотелот Маргарита, и истиот е бесплатен. Собите кој се во Сабота се сите четворокреветни и се наоѓаат на втор спрат, од кој една само на приземје. За сезона 2024, лежалки поставени на плажа, секоја соба има на располагање 2 лежалки и чадор. 

Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е потесни од стандардните спални и две единечни стандардни легла, или две дупли потесни легла во собите кој гледаат према градина, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, wi-fi. Користењето на клима уредот е вклучено во цената. Истите можат да бидат лоцирани на приземје (без оградена тераса) на втор кат со страничен поглед на море, и две студија со поглед на градина кое се наоѓаат на втор кат. Капацитетот на собите е максимум 4 лица. Надвор од овој капацитет може да се смести само дете до 3,99год. 

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.jk.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.

  • -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024

ЦЕНА ПО СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА / САБОТА НА САБОТА
ТерминиНоќ.1/4 приземје 1/4 SSV1/4 GVКоментар
18.05-25.057189199189Промо
25.05-01.067219239219Промо
01.06-08.067339389339 
08.06-15.067439479439 
15.06-22.067469509469 
22.06-29.067579619579 
29.06-06.077679729679 
06.07-13.077679729679 
13.07-20.077729799729 
20.07-27.077749799749 
27.07-03.087749799749 
03.08-10.087749799749 
10.08-17.087749799749 
17.08-24.087729769729 
24.08-31.087509559509 
31.08-07.097429459429 
07.09-14.097349409349 
14.09-21.097239289239Промо
21.09-28.097179199179Промо

Доплата на туристичка такса по соба на ден од 1,5еур на лице место.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики 

  • -Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
  • -Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 45еур по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
  • -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50еур по лице
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

МАЈ Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%  , или промена на цената на горивото

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • -4:00 Скопје (Дрводекор)
  • -4:30 Велес (БП Макпетрол, кружен тек)
  • -5:00 Неготино (БП Неготино)
  • -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
  • -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • -3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети)
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • *Важат Општите услови на СКТМ и ТА МАЈ травел

Споделете: