€529,00 / по лице
Коста брава – Азурен Брег – Венеција
Венеција-Верона-Барселона-Кан-Ница-Монако-Монте Карло
Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала”, со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава – ЛОРЕТ ДЕ МАР +++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона. 30 Години искуство со НЕХАР, традиција, задоволни патници!
Пакет аранжман со АВТОБУС
Термини: 12,18 Јуни * 11, 25 Јули * 15,29 Август * 04 Септември 2023
ПРОГРАМА:
1 ден СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА:
Состанок на групата во 12.00ч. Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден ВЕНЕЦИЈА – ВЕНЕТО Регија:
Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.
Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР:
Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9 часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.
4 – 10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч. Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок, 6 полу пансиони, по ваш избор.
За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, BARCELONA BY NIGHT & DISCO OPIUM, AQUARIUM, NOU CAMP, FIGUERAS – MUSEUM DALI, EMPURIA BRAVA – Шпанска Венеција, FLAMENCO SHOW, дискотеки во Љорет де Мар…
10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.
11 ден АЗУРЕН БРЕГ: Кан – Ница
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.
Кан, – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета.
Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.
Ница, – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како ‘Belle Epoque”.
Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.
Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.
12. ден АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ – МОНАКО:
Појадок. Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.
Продолжуваме кон Монако. Целодневен (9 часа) престој во гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички… Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула1.
Слободно време за индивидуални прошетки и посети. Во попладневните часови се упатуваме кон центарот на МОНТЕ КАРЛО за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина.
МОНАКО – СКОПЈЕ: Во вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.
13. ДЕН. СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА за уплата до 01 Март 2024 + ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН ВО ШПАНИЈА
Лето ШПАНИЈА 2024 Цени по лице за пакет аранжман во евра. | СОПСТВЕН ЗАКУП | |||||||
ALEGRIA FENALS MAR | Јуни | Јули | Август | Септ, | ||||
3* Superior | 12 | 18 | 11 | 25 | 15 | 29 | 4 | |
По лице во 1/2 соба | НП | 529 | 559 | 579 | 599 | 559 | 529 | 559 |
Трето лице во 1/2+1 соба | НП | 479 | 509 | 519 | 539 | 509 | 479 | 509 |
1во и 2ро дете 2-11,99 г. | НП | 469 | 489 | 509 | 519 | 489 | 469 | 489 |
* ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15.Март.2024 | ||||||||
Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија после 15.03.2024: 60 евра / Деца 40 евра |
ALEGRIA SUN VILLAGE 4* | Јуни | Јули | Август | Септ, | ||||
12 | 18 | 11 | 25 | 15 | 29 | 4 | ||
По лице во 1/2 соба | НП | 549 | 579 | 619 | 629 | 579 | 549 | / |
Трето лице во 1/2+1 соба | НП | 499 | 519 | 559 | 559 | 529 | 489 | / |
1-во дете 2-11,99 г. | НП | 419 | 439 | 449 | 459 | 439 | 419 | / |
* ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 01.Март.2024 | ||||||||
Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија после 15.03.2024: 60 евра / Деца 30 евра | ||||||||
ALEGRIA MARINER 4* | Јуни | Јули | Август | Септ, | ||||
12 | 18 | 11 | 25 | 15 | 29 | 4 | ||
По лице во 1/2 соба | НП | 559 | 589 | 629 | 639 | 589 | 559 | 579 |
Трето лице во 1/2+1 соба | НП | 509 | 529 | 569 | 569 | 539 | 499 | 529 |
1-во дете 2-11,99 г. | НП | 429 | 449 | 459 | 469 | 449 | 429 | 439 |
* ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15.Март.2024 | ||||||||
Доплата за 6 Полупансиони во Шпанија после 15.03.2024: 60 евра / Деца 30 евра |
Цената на аранжманот вклучува:
• Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео.
• 6 Ноќевања со појадок/полупансион/полн пансион, според табелата во одбран хотел во Лорет де Мар.
• 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница).
• 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето.
- Целодневна посета на Верона.
• Сместување и услуги во дво/тро креветни соби, според табелата.
• Организација и професионален туристички придружник на патувањето.
Цената на аранжманот НЕ вклучува:
• Задолжително патничко осигурување: 520 денари ( се плаќа во агенција).
• Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 7€ (задолжително, се плаќа во агенција).
• Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување).
• Девизен дел, сервис на локалната Шпанска агенција: 25 € по лице.
- Задолжителен пакет излети Азурниот брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 € по лице.
• Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот, (задолжителна резервација и плаќање во агенција).
• Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.
- Девизниот дел, задолжителниот пакет излети АЗУРЕН БРЕГ, избор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.
ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА СОБИ ПО ХОТЕЛИ И МЕСТА ВО СЕКОЈА СМЕНА !
НАПОМЕНИ:
- Редовната цена на аранжманот после 01 Март, е според табелата, на база ноќевање со појадок.
- Задолжителен депозит при пријавување: 10.000 денари.
- Останатиот износ се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
- Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.
- За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица.
- Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
- НП – Ноќевање со појадок, ПП – Полупансион – (појадок + вечера), П – Полн пансион (Појадок + ручек + вечера)
- Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
- Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
- Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената. Сите уплати до тој момент важат според старата цена.
- Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
- Со доплата од 20 евра по лице, може да се одбере број на седиште во автобус. Нема можност за доплата за празно седиште.
- Сите други услови на патување важат според годишната програма на МАЈ ТРАВЕЛ.
- Задолжително, 48 часа пред поаѓање, проверете ја сатницата и местото на поаѓање.
Пријатен летен одмор Ви посакува екипата на МАЈ ТРАВЕЛ .