Островот Крф, магичен, посебен, единствен. Дури и боговите своето прибежиште го наоѓале тука, а цела Европа се обидувала што повеќе да го задржи под своја власт. Остров со бурна историја и многу природни богатства. Токму затоа денеска е еден од најпосетуваните острови во Грција. Крф изобилува со прекрасни плажи, но и места кои ќе ви го одземат здивот. Совршено бегство за уживање во сончевите зраци за празникот 24ти мај.
ПРОМО ЦЕНА 119 евра do 30.04, редовна цена 139 евра.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Три ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф
- Автобуски превоз
- Разглед и прошетка на градот Крф
- Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица
- Туристичка такса 1,5 евра од ден по соба
- Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис – 15 евра (аквариум опционално 7 евра)
- Посета на местото Сидари – 20 евра по лице
- Задолжително патничко осигурување – 250 денари по лице
- Индивидуални трошоци
НАПОМЕНИ:
- За да направите резервација, потребно е да уплатите 30% аконтација, а до 10 дена пред тргнување да биде целосно исплатена сумата на аранжманот.
- Доплата за сингл соба е 70% дополнително од цената на аранжманот
- Деца од 0-03 години – бесплатно
- Деца од 3 до 12 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите
- Седиште на барање се доплатува по желба 10 евра по лице
Апартманско сместување:
- Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги.
- Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет
- Климата се употребува по желба (со доплата)
ПРОГРАМА:
23.05.2023 (четврток)
ПРВ ДЕН: Состанок на групата кај Хотел Континентал во вечерите часови. Ноќно возење преку граничниот Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.
24.05.2023 (петок)
ВТОР ДЕН: Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.
Некаде околу 17-18 часот, се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Потоа слободно време за прошетка и запознавање со градот
Во договорено време, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.
25.05.2023 (сабота)
ТРЕТ ДЕН: Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи, но во месецот мај, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за да го истражуваме островот. Групата ќе има можност, факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот.
По завршувањето на посетата, се враќаме во Ипсос.
26.05.2023 (недела)
ЧЕТВРТ ДЕН: Во договорено време, групата се упатува кон местото Сидари, каде ќе има доволно време да се прошета малото градче и да се ужива на плажа. Сидари е место познато по тунелот на љубовта, по глинените карпи, место каде секој турист задолжително доаѓа при посетата на Крф. Градчето е живописно и има бројни ресторанчиња и таверни. Слободно време за истражување и во договорено време, групата се враќа во Ипсос.
27.05.2023 (понеделник)
ПЕТТИ ДЕН: Последниот ден е резервиран за уживање во Ипсос. Голема е веројатноста во тој период времето да е веќе доволоно топло за да може да се искористат и придобивките на морето. Во договорено време се прави чек аут од апартманите и се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови.
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на Грција.
- Пасошот треба да се со минимум 3 месеци пред истекување за да може да се влезе во државата.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
- Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
- Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
- За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
- Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
- Организаторот не може да влијае на сместувањето во апартманите. Распределбата на собите се врши при пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата, но не гарантира за исполнување на истите.
- Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
- Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
- Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
- Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
- ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
- Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
- Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Мај Травел