Тунис Лето 2024
(сo директен чартер лет од Скопје)
Тунис, земја која е лоцирана во срцето на Медитеранот и во која се спојуваат илјадници години култура. Земја на традиција и легенди, светлина и боја, контрасти… Со своите прекрасни долги и широки песочни плажи, бројни хотели и културно – историски споменици, привлекува многубројни туристи од целиот свет кои доаѓаат да уживаат под топлото африканско сонце и водите на средоземјето, но и да ги истражуваат знаменитостите на бурното минато, како и непознатите на секогаш мистичната и убава Сахара. Тунис е најмалата и најсеверната африканска земја лоцирана во северозападниот дел на најжешкиот континент. Земја која има богата и долга историја, но најбурниот период доаѓа од пристигнувањето на Феникијците – основачите на Картагина.
Главниот град на Тунис, градот Тунис, се карактеризира со динамичен спој на традицијата и модерниот свет; медитеранскиот и европскиот шарм. Најзначајни културно – историски споменици кои можат да се посетат се: остатоците од античката Картагина; Римскиот амфитеатар во El Jem; Националниот музеј Бардо со најголемата колекција на римски мозаици; извонредната архитектура со Арапско – Андалузиски стил; вредните културно – историски споменици во сликовитиот град Sidi Bou Said; како и необичните Берберски куќи закопани во мекиот пустински камен – песочник. Тука се исто така и егзотичните оази среде пустина кои се посебна приказна – магија на која ретко кој останува рамнодушен. Најпознати и најзначајни летувалишта во Тунис се: Монастир (Monastir); Хамамет (Hammamet); Махдија (Mahdia); и Сус (Sousse).
Секој Четврток од 06.06.2024 до 19.09.2024
Секој Понеделник од 17.06.2024 до 23.09.2024
Цена на аранжман по лице:
од 427 €
ДЕЛ ОД ПОНУДАТА НА ХОТЕЛИ:
(официјални веб страни на хотелите)
- Marabout 3*
- Le Soleil Bella Vista 4*
- Marhaba Club 4*
- Thalassa Mahdia Aqua Park 4*
- Rosa Beach 4*
- Occidental Marco Polo 4*
- Occidental Sousse Marhaba Hotel 4*
- ONE Resort El Mansour 4*
- LTI Mahdia Beach and aquapark 4*
- One Resort Aqua Park & Spa 4*
- Seabel Alhambra Beach Golf & Spa 4*
- Golden Tulip President (ex COOEE) 4*
- Sol Azur Beach 4*
- Le Soleil Abou Sofiane 4*
- Vincci Nozha Beach 4*
- Mahdia Palace Thalasso 5*
- Nour Palace Resort & Thalasso 5*
- Royal Thalassa Monastir 5*
- The Mirage Resort & Spa 5*
- Marhaba Palace 5*
- Movenpick Resort & Marine Spa 5*
- Jaz Tour Khalef 5*
- Iberostar Diar El Andalous 5*
- Steigenberger Marhaba Thalasso 5*
- Barcelo Concorde Green Park Palace 5*
- Royal Azur Thalassa 5*
- Sousse Palace Hotel & Spa 5*
- TUI Blue Oceana Suites 5*
ЗАБЕЛЕШКИ:
- Сите хотели се на барање.
- Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 МКД за 1 ЕУР.
- За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE:
- За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
- Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање.
- Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
- Не придржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
- После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
- Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
- Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА:
- точно име и презиме на патниците (како според документ)
- датум на раѓање
- број на пасош и датум на валидност
* Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци.
ОСТАНАТИ ЗАБЕЛЕШКИ:
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на МАЈ Травел и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.
Програма
01 ДЕН / СКОПЈЕ – МОНАСТИР (Тунис)
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон аеродромот “Habib Bourguiba International Airport” лоциран во Монастир, во раните утрински часови согласно поставеното време на лет. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Тунис и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окoлу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
02 до Претпоследен ден / ТУНИС (Престој во хотел)
Последен ден / МОНАСТИР (Тунис) – СКОПЈЕ
Вклучено / Не е вклучено
- Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје
- Рачен багаж до 7 кг. и чекиран багаж до 20 кг.
- Аеродромски такси и сигурносни такси
- Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга
- Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот
- Организација на програмата
- Факултативни екскурзии
- Задолжително здравствено патничко осигурување
- Останати индивидуални трошоци
- Туристичка такса – се плаќа на рецепција во хотелот (2 TND за хотели со 3*, односно 3 TND за хотели со 4* и 5* по лице од ден (1 EUR = 3,3 TND))