(сo директен чартер лет од Скопје)
Коралните гребени и тиркизните води совршени за сурфање на ветер ја направија Хургада, на брегот на Црвеното Море во Египет, фреквентен туристички град.
Хургада – еден од најатрактивните ресорти во Египет, се наоѓа на околу 5 часа возење (530 км.) јужно од Каиро на западниот брег на Црвеното Море – на афричко тло. Најголема атракција на Хургада е беспрекорно чистото и топло море. Од Нил ја делат околу 150 км. каменеста пустина чии врвови преминуваат 1700 м. Градот е исполнет со голем број на ресторани, продавници, барови, мали пабови и интернет кафеа. Подводниот свет е исклучително богат така што Хургада е особено популарна кај љубителите на подводни спортови, нуркање и снорклинг. Она што е особено интересно за посетителите е и малиот, ненаселен архипелаг на корални острови со прекрасен подводен свет и бели, песочни плажи.
Освен за уживање во раскошот на стотиците хотели на брегот на Црвеното Море, Хургада е погодно лоцирана за посета на Каиро како и на импозантните храмови во Луксор стари по неколку илјади години.
Секој понеделник од 13.05.2024 до 21.10.2024
Секој петок од 31.05.2024 до 11.10.2024
Цена на аранжман по лице:
Од 560 €
ДЕЛ ОД ПОНУДАТА НА ХОТЕЛИ:
(Официјални веб страни на хотелите)
- MinaMark Beach Resort 3*
- Seagull Beach Resort 4*
- Royal Star Beach Resort 4*
- Lotus Bay Beach Resort 4*
- Meraki Beach Resort (Adults Only) 4*
- Fort Arabesque Resort Spa & Villas 4*
- Palm Beach Resort 4*
- Arabella Azur Resort 4*
- Albatros Beach Club (ex Amwaj) 4*
- Mercure Hurghada 4*
- Aqua Vista Resort 4*
- Aqua Blue Resort 4*
- Long Beach Resort 4*
- Steigenberger Aqua Magic 5*
- Sentido Mamlouk Palace 5*
- Jaz Makadina 5*
- Desert Rose 5*
- Caribbean World Soma Bay 5*
- Sunrise Garden Beach Resort 5*
- Jaz Aquamarine Resort 5*
- Serenity Makadi Beach Resort 5*
- Sunrise Crystal Bay Resort 5*
- Pyramisa Sahl Hasheesh 5*
- Hilton Plaza Hurghada 5*
- Premier Le Reve Sahl Hashish 5*
ЗАБЕЛЕШКИ:
- Сите хотели се на барање.
- Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 МКД за 1 ЕУР.
- За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE:
- За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
- Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање.
- Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
- Не придржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
- После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
- Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
- Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА:
- точно име и презиме на патниците (како според документ)
- датум на раѓање
- број на пасош и датум на валидност
* Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци.
ОСТАНАТИ ЗАБЕЛЕШКИ:
* Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
* Објавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
* Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
* Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување нa Maj Tравел и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.
Програма
01 ДЕН СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко – царинските формалности (вадење виза, превземање багаж, итн.), пречек од страна на нашите претставници и/или претставниците на партнер агенцијата во Египет. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто околу 14:00 часот на денот на пристигнувањето). За евентуално превземање на соби порано (Early Check-In) условите ги одредуваат одговорните служби на рецепциите во хотелите.
02 – Претпоследен ден ХУРГАДА
Последен ден ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Вклучено / Не е вклучено
- Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје
- Аеродромски административни такси (50 € по лице; 35 € за бебе под 2 години)
- Чекиран багаж до 20 кг. по лице
- Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада
- Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин и број на ноќевања, на база на избраната услуга
- Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот
- Организација на програмата