САНТОРИНИ – Симболот на грчкиот туризам, супермодел на грчките острови, најпосебниот остров на Медитеранот, инспирацијата на Платон, рај за очите…Санторини е една од 10-те најромантични дестинации во светот koj возбудува со разнобојните карпи кои се издигаат од морето, со препознатливите бели куќички специфични за кикладската архитектура, со спектакуларните панорами, романтичните залези на сонцето, вулканските песочни плажи со бела, сива, црна и црвена боја, со Калдерата која буди мечти и ги оживува возбудливите приказни за изгубениот град Атлантида, кој можеби се наоѓал токму тука… Санторини може да се опише и со само еден збор – а тој збор е магија.
09.10.2024 г. Поаѓање за Грција во 17:00 ч. од Прилеп , дневно и ноќно патување, со попатни паузи.
10.10.2024г. Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07.30 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15.30 часот.Сместување во хотел со 4*- во Монолитос-тоа е туристичка населба во близина на аеродромот, со хотели,ресторани, песочни плажи со црн песок…Попладнето Факултативна посета на највисокото населено место на островот-Пиргос- кое нуди одличен панорамски поглед на двете страни на островот, прошетка низ тесните калдрмести улички…. ќе се искачиме до црквата Успение на Пресвета Богородица (Света Марија) и старата Венецијанска тврдина ( една од петте на островот). Враќање во хотел. Ноќевање.
11.10.2024г.Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири, последните остатоци од Минојската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеја, затрупана од вулканска лава во 2 век п.н.е.(има влезница). Можност за посета на прекрасно зачуваните куќи… Потоа посета на „црвената плажа“,можност за фотографирање. Продолжуваме кон автентичното живописно село на островот – Мегалохори. Патувањето продолжува до градот ФИРА – главниот град на островот, уникатно место во светот, единствено по неговите бели куќи со сини покриви и сводови…Прошетка по Калдерата води до Фиростефани и Имеровигли (најскапите и најлуксузните делови на градот Фира), како и прошетка до селото Скарос, исто така познат како карпа Скарос, или тврдина Скарос.Тоа е голем карпест гребен на егејскиот остров Санторини. Слободно време за индивидуална обиколка на местото, неговите тесни улички од бајките и нивните продавници за сувенири…Потоа одиме кон Црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.. На крај,вечерна прошетка низ Фира Ноќевање.
12.10.2024г.Појадок.факултативно крстарење (Kaldera morning – cruise) со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете околу 30минути во термалните води.Потоа бродот плови до островот Thirasija, каде има можност за капење во Ormos Korfoi , или да се оди пеш или со магариња до селото Manolas,кое е многу живописно со тесни улички и убав поглед. Враќање на старото пристаниште на Fira околу 17.15часот. Во доцните попладневни часови, факултативнно, посета на OIA (Иа). Можеби сте слушнале, можеби сте ги виделе сликите, сега е време да ја почувствувате магијата на едно од најпознатите зајдисонца во светот, што се случува токму на тоа место.Живописната ОИА, изградена на северниот дел на Калдерата, од каде што може да се види остатокот од островот и Егејското Море, беше инспирација за многу поети, сликари и писатели.Враќање во хотел во вечерните часови.. Ноќевање.
13.10.2024г.Појадок. Факултативна посета на најубавите и единствени винарии во Грција – Винарија Куцојанопулос – Вински музеј, која датира од 1600-тите и се наоѓа на 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простори во која се гледа (со анимации) презентација за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија се претставени сите 14 генерации производители на вино, од самиот нејзин почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаништето, со траектот,дневно и ноќно пловење кон Пиреја. Пристигнување во Пиреја околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија со попатни паузи.
14.10.2024г. Пристигнување во Прилеп во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 17200 денари за резервации и уплати до 07.09.2024 г
– Дете до 12 години со 2 возрасни – плаќа 70%
-19200 денари – редовна цена
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на горенаведената релација;
– 3 ноќевања со појадок во хотел со 4*- во Монолитос
– трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреја;
– трансфер со автобус од пристаништето во Санторини – хотел – пристаниште
– придружник и реализација на аранжманот.
Во цената не е вклучено:
– патничко здравствено осигурување -задолжително, до 65г=300 ден,од 65 до 70г.= 400 д.
– туристичката такса (1 € по лице на ден) се плаќа на лице место в хотел
-посета на Пиргос со автобус-10 еур
– Целодневен излет – FULL DAY SANTORINI со водич,со автобус-40 €
– крстарење со брод (автобус + брод + водич) – 40 € по лице;
– вечерна посета на OIA (Иа)=10 еур
– посета на винарија :автобус+влезен билет во Музејот на виното +дегустација на 4 различни видови вулкански вина од Винаријата во 4 различни чаши,+ мезе(свежо печени стапчиња од сирење и лепчиња со вкус на домат, фета сирење и маслинки, темно чоколадо) = 30€
– други факултативни излети и посети на културно-историски споменици;
Напомена: Организаторот на патувањето го задржува правото да го промени редоследот на поединечните содржини во програмата.Целосната уплата на аранжманот 10 дена пред поаѓање; Со оваа програма важат Општите услови за патување на Т.А Бран турс и СКТМ
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.