цена од 269 EUR

сега од 229 EUR

Поаѓање: 22.10.2024
Враќање: 27.10.2024
Дозволете ни да Ви ја претставиме нашата нова и поинаква тура, магичната Кападокија за 23ти Октомври. Побрзајте и резервирајте едно досега невидено уживање

План и програма

ПРВ ДЕН (22.10.2024) Вторник

Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија околу 11:30 часот. Поаѓање за Турција околу 12:00 часот. Патувањето се одвива преку Грција. Попатно собирање на патниции од Велес, Неготино и Гевгелија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН (23.10.2024) Среда

Пристигнување во Анкара во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич, Мазолеумот на Ататурк, Цитаделата на Анкара, со прекрасен поглед кон градот, музејот на Анадолиските цивилизации. По разгледот на градот, слободно време за индивидуални активности. Сместување во Хотел. Вечера и Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (24.10.2024) Четврток

По појадокот во хотел групата се упатува кон Кападокија со попатно застанување на Соленото Езеро Тузпол, сместено на 905 метри надморска височина. Пристигнување во Кападокија и започнување на целодневната екскурзија. Пошетка во Нацционалниот Парк Долината Ѓуреме, дел од листата на заштитени од УНЕСКО, се посетуваат пештерските цркви и храмови, уникатен показател за Византиската уметност во креирањето фрески и цртежи и израбоката на иконостаси. Се посетува градот Аванос, античката Ванеса која е сместена на двата брега на реката Казал Ормак (црвената река, најдолгата во Турција). Градот е познат по грнчарството, еден од најстарите занаети уште од античките времиња, од анадолиските племиња Хети. Посета на Јучхисар, една од главните туристички атракции и архитектонски чуда на Кападокија, од чиј врв има преубави глетки. Сместување во хотел. Вечера. Можност за факултативен излет со АТВ низ регионот за фотографирање со зајдисонцето. Можост за факултативна Турска локална вечер со неограничено пиење и закуски специфични за регионот. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН (25.10.2024) Петок

По желба, можност за факултативно летање со Балон на Кападокија, едно од најубавите искуства во светот. Се поаѓа од хотелот рано во 05:30. Оваа факултатива трае околу час и половина и потоа се враќа во хотелот. Појадок. Започнува екскурзијата на подземните градови на Кајмакал, регион кој е развиен уште 2000 години пред нашата ера, град кој е ископан во карпите кој е поврзан со тунели и простории на длабочина од 80 метри. Во договорено време со водичот од групата, поаѓање кон долината Дервент, или позната како розевата долина. Враќање во Хотел. Можност за факултативна посета на дервишка вечер. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН (26.10.2024) Сабота

По појадокот, слободно време за индивидуални активности. Поаѓање кон Македонија околу 17 часот. Пристигнување на 27.10, недела во Скопје околу полноќ.

Што е вклучено во цената

Цената вклучува:

*автобуски превоз

*3 ноќевања со појадок и вечера во хотели со 3*

*придружник од агенцијата

*лиценциран локален туристички водич

Што не е вклучено во цената

Цената не вклучува:

*Патничко осигурување

*индивидуални трошоци

*влезници за музеи и галерии

*летање со Балон во Кападокија – околу 250 евра (со предрезервација)

*влезница за локација за фотографирање на балоните и изгрејсонцето – околу 15 евра

*Музеј на Анадолиските цивилизации – околу 15 евра

*Кападокија и Кајмакли – околу 15 евра

*Ѓореме музеј на отворено – околу 30 евра

*Јучхисар тврдината – околу 250 турски лири

*Локална турска вечер во подземен ресторан – околу 40 евра (со предрезервација)

*Дервишка вечер – околу 40 евра

НАПОМЕНА:

Јучхисар е високо место до кое се пристигнува по качување на стрмна патека, не се препорачува за луѓе кои имаат потешкотии со искачување. Препорачливо е да имате удобни обувки.

Посетата на подземниот град Каимакли не се препорачува за лица кои имаат проблеми со дишењето или клаустрофобија. Доколку некој нема да гопосети овој внатрешен дел, може да остане надвор, има ресторани и кафулиња и сувенирници

За реализација на сите факултативи е минимум од 20 патници. Доколку некој од патниците не се појави на договореното место и време на тргнување, групата продолжува а средствата не се рефундираат.

За деца до 11,99 години се плаќа 180 евра.

Важно

За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници

Доколку не се исполни минималниот број на патници, агенцијата има право да го откаже аранжманот 5 денови пред тргнување.

Резервација се прави со уплата од 30% од сумата, доплата 10 до 7 денови пред поаѓање

Рокови за отказ:

*за откажување на аранжманот уплатен по Промо цена, се задржува 95% од сумата

*за откажување на аранжманот 30 дена пред поаѓање, се задржува 10% од сумата

*за откажување на аранжманот 10 дена пред поаѓање, се задржува 50% од сумата

*за откажување на аранжманот 7 дена пред поаѓање, се задржува 100% од сумата

Документи потребни за патувањето:

Пасош со минимум 6 месеци важност од завршетокот на аранжманот

Забелешка:

Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на цените за влезниците за музеите и дополнителните трошоци, воедно агенцијата има право да направи промена на редоследот на програмата доколку се појават непредвидени ситуации. Агенцијата не сноси одговорност доколку патниците загубат лични предмети како багаж, лични документи и останати лични работи.

Важат условите за патување на СКТМ и Мај Травел

Споделете: