09.10-13.10 .2024
5 дена -4 ноќевања
КАТАНИЈА – ПАЛЕРМО – МОНРЕАЛЕ – САВОКА – СИРАГУЗА
Сицилија е најголемиот остров на Медитеранот, со уникатна убавина. Недопрена природа, со бајковити пејсажи на вулканот Етна, магија и мистерија за запрено време во сицилијанските села, градови со фасцинантна архитектура, споменици достојни за внимание, чисто море, богата и разновидна гастрономска понуда, весели и пријателски домаќини
А доколку сте и љубутел на легендарниот филм Кум, приказните за мафијата, сицилијанските села, Коза ностра, Америка ,тогаш ова е совршено патување за вас…
Програма:
1 ден: ТИРАНА –КАТАНИЈА
Состанок на групата во 05.00 часот пред Дрводекор Трансфер до аеродромот во Тирана.Полетување од Тирана за Катанија во 12.55 часот Пристигнување во Катанија во 14.25 часот Панорамски разглед на градот Катанија Трансфер до хотел Сместување во хотел Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање
2 ден: ПАЛЕРМО-МОНРЕАЛЕ
Појадок. Целодневна екскурзија до Монреале и Палермо. Посета на малото градче МОНРЕАЛЕ
во околината на Палермо, познато по својата величествена катедрала, Doumo di Monreale. Според легендата, изградена е на иницијатива на кралот Вилијам II од Сицилија, кој заспал додека ловел. Тогаш му се јавила Богородица и му предложила на тоа место да изгради црква. Денес, оваа катедрала, позната по своите шарени византиски мозаици, е еден од најдобрите примери на норманската архитектура каде што членовите на норманските кралски семејства биле крстени, венчани и погребани Поради неговото културно значење и убавина, УНЕСКО го стави на листата на светско културно наследство.
Палермо е главен и најголем град на Сицилија, кој се наоѓа на бреговите на Тиренското Море во најубавиот залив .Порано моќна престолнина на кралството Сицилија, град богат со споменици на специфична арапско-норманска архитектура под заштита на УНЕСКО. Патот до Палермо поминува низ срцето на Сицилија и живописни предели на подножјето на Етна. Пристигнување во Палермо и панорамско разгледување на градот: Кралската Палата, најпосетувана знаменитост на Сицилија- прв парламент во Европа, денес седиште на Сицилијанскиот Парламент ,градината Вила Бонано, најголема градина од палми во Европа, со остатоци од римска вила, Катедралата Корсо Виторио Емануеле 2, Плоштадот Куатро Канти, плоштадот Преторија, плоштадот Белини со двете познати цркви Марторана и Сан Каталдо во арапско нормански стил, заштитени споменици од УНЕСКО, улицата Македа, Театрот Масимо и пазарот Капо кој потсетува на арапските пазари и е место каде може да се проба street food типичен за Палермо,Враќање во хотел Ноќевање
3 ден: САВОКА- ТАОРМИНА
Слободно време за индивидуални активности или факултативна екскурзија до типичнитото сицилијанско село Савока, во кое е снимен легендарниот филм „Кум 1“, со феноменална приказна за сицилијанската мафија. Прошетка низ Савока. Савока е место што сè уште ја издвојува типичната атмосфера поврзана со мафијата и филмот Кум Турата вклучува раглед на , катедралата Св Луција, кратка пауза со канола (типична сицилијанска торта), еспресо во барот Вители местото каде се снимани делови од филмот Кум меќу кои и легендарната свадбена сцена од филмот со Ал Пачино . Урбаната легенда кажува дека барот е во сопственост на сињора Марија ( или нејзините потомци) која во филмот го глумеше ликот на мајката на Аполонија Попатна посета на Таормина еден од најубавите мали градови во Италија, изграден на ридот Монте Тауро со фантастичен поглед на околината,
Враќање во хотел Ноќевање
4 ден: КАТАНИЈА -СИРАГУЗА- ЕТНА
Појадок Разглед на градот Катанија втор по големина град во Сицилија. Бидејќи се наоѓа под Етна, постојано е уништуван и изградуван , во барокен стил, претежно во сива боја , а градот што го гледаме денес го добил својот изглед по големиот земјотрес од 1693 година.Посета на Пјаца Дуомо, катедралата Санта Агата,Виа Етнеа-една од главните улици полна со продавници и кафулиња, и прекрасен поглед на врвот на Вулканот Етна, Посета на Сиракуза, еден од најубавите градови на Сицилија. Сиракуза е град што го нарекуваат бел бисер на Јонското Море, изграден од бел мермер. Стариот град се наоѓа на Ортидија, најмалиот остров во Сицилија. Поранешниот најбогат и најмоќен антички грчки град, родното место на Архимед и омилениот град на големиот сликар Караваџа. Екскурзијата вклучува прошетка низ барокната Сиракуза на островот Ортидија и истражување на богатото наследство на градот: Храмот на Аполо, плоштадот Архимед, фонтана Дајана, Пјаца Дуомо, обиколка на катедралата изградена врз темелите на античкиот грчки, Заминување за ЕТНА најголемиот и единствен жив вулкан во Европа, кој се искачува на 3.320 метри надморска височина. Иако станува збор за активен вулкан кој има чести ерупции и предизвикал многу штети во историјата, тој не се смета за премногу опасен вулкан Илјадници луѓе живеат под неговата сенка а причината е плодната вулканска почва Митологијата поврзана со Етна вели дека грчкиот филозоф Емпедокле скокнал во вулканот. Поточно, тој верувал дека луѓето живеат на земјата а боговите во огинот . Бидејќи Емпедокле верувал во неговото божествено потекло, тој еднаш во занес се придружил со своите божествени роднини скокајќи во овој вулкан. Пристигнување до местото Rifugio Sapienze на 1900 м надморска височина, познат скијачки центар во зимскиот период и целогодишна туристичка атракција Враќање во хотел Ноќевање
4 ден: КАТАНИЈА – ТИРАНА -СКОПЈЕ
Појадок( Ланч пакет) Напуштање на хотелот во 1200 часот.Трансфер до аеродром во 18,00 Полетување за Тирана во 21,50 .Пристигнување во Тирана во 23,15 часот . Трансфер до Скопје
ЦЕНА на аранжманот 599€ / 37.140 денари до 15.07.2023
Редовна цена 40.250 денари
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
- Трансфер на релација Скопје –Тирана (аеродром)-Скопје;
- Авионски превоз на релација Тирана Катанија-Тирана WIZZ AIR со вклучени аеродромски такси и багаж со димензии до 8 кг/мал багаж 40х30х20см.
- Трансфер од аеродром-хотел –аеродром
- Панорамски разглед на Катаниа
- 4 ноќевања со појадок во хотел 3*
- Панорамски разглед на Катанија
- Пратител од агенцијата
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
- Доплата за кабински багаж до 10кг (50 x 40 x 20cm)– информации во агенција
- Туристичка такса – 2 евра по лице по ноќевање
- Доплата за 1/1 соба 80€
- Факултативна посета на Палермо и Монреале 75€ (минимум 20патника)
- Факултативна посета на Савока и Таормина 65€ (минимум на 20 патника )
- Факултативна целодневна посета на Сирагуза вулканот ЕТНА 65€ ( минимум на 20 патника)
- Влезници за локалитети и карти за локален превоз
- Патничко осигурување 240 денари
Напомени:
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање ( не важи за промотивната цена )
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 20 патника пријавувањето е при резервација во агенција.
Важноста на пасошот мора да биде мин 3 месеца до денот на враќањето