ДУБАИ   и   АБУ ДАБИ

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација – една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

Плажите се песочни и со разновидни активности, а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.

Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                              6 дена/ 5 ноќи                   

23.10 (Среда)                         СКОПЈЕ – ТИРАНА – ДУБАИ

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел “Holliday Inn” во 06.30ч. Организиран трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Абу Даби во 16.10 и слетување во 23.20ч. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

24.10 (Четврток)                       ДУБАИ

Појадок.

РАЗГЛЕД НА ДУБАИ (10:00 – 14:30 часот)

Турата ја започнуваме со нашиот водич од вашиот хотел во 10:00 часот и се приклучуваме на булеварот SHEIK ZAYED. Го поминуваме трговскиот центар Emirates mall, трговскиот центар Dubai mall, Бурџ Калифа, Музејот на иднината и застануваме во палатата во која живее владетелот на Дубаи МОХАМЕД БИН РАШИД АЛ МАКТУМ. Продолжуваме кон стариот град, поминувајќи покрај Dubai Frame, најголемата рамка за слика, каналот го поминуваме со чамци Абра. Разглед на стариот град и пазарот со сувенири, злато и зачини. Одиме до булеварот Jumeirah, ги посетуваме плажите на Jumeirah и застануваме во BURJ AL ARAB HOTEL, каде што ќе го видиме и водениот парк Wild Wadi. Ја продолжуваме обиколката кон Souq Madinat или Мала Венеција и одиме кон PALM JUMEIRAH каде застануваме на POINT BEACH за да ги видиме хотелот ATLANTIS, водниот парк Атлантис и хотелот ROYAL ATLANTIS изграден по модел на LEGO коцки. Продолжуваме кон самиот хотел Атлантис, каде што завршува нашата тура. Во цената е вклучен трансфер од/до хотел и придружба на водич.

DUBAI MARINA (20:00 – 22:00 часот)

Поминете опуштена вечер на традиционално украсен дрвен брод додека пловите низ едно од архитектонските чуда на овој град – Дубаи Марина. Ова е најголемата вештачка марина во светот, а покрај неа се издига цел град во град. Космополитскиот дух, опуштената атмосфера и светлата на модерните облакодери ја прават совршената „позадина“ за незаборавна вечера. Вечера и трансфер од/до хотелот се вклучени во цената. Ноќевање.

25.10 (Петок)                       ДУБАИ

Појадок.

БУРЏ КАЛИФА

Бурџ Калифа е највисоката зграда во светот со 829,84 метри. Отворена е во 2010 година. Покрај деловните простории, има и ресторани, опсерваторија, 58 лифтови кои се движат со брзина од 10 метри во секунда. Нејзиниот дизајн е инспириран од цветот Hymenocallis. Видиковецот за туристички посети се наоѓа на 124 и 125 кат. Се препорачува да се купат билети две до четири недели однапред, особено во шпицот на сезоната.  Пред Бурџ Калифа се наоѓа најголемата музичка фонтана во светот, како и најголемиот Аквариум во трговскиот центар Dubai Mall.

Трансферот не е вклучен во цената.

САФАРИ  (14:30 – 20:00 часот)

Сакате вистинска авантура и незаборавно искуство!? Не пропуштајте го сафарито во пустината, најпопуларната екскурзија во Дубаи и ОАЕ. Искусните возачи, специјално обучени за навигација по пустинските дини, ќе се погрижат искуството на адреналинско возење во удобни и климатизирани џипови дефинитивно да остане во вашето сеќавање. По едно вакво атрактивно возење, посетата на бедуинската населба ќе ви даде можност да ги доживеете сите привлечности на древната арапска традиција, од јавање камили (вклучено во цената), преку цртање со хена (вклучено во цената) до пушење наргиле (вклучено во цената) познато во арапскиот свет како „шиша“… Ќе почувствувате вистинско арапско гостопримство со незаборавно зајдисонце, но и убавина на пустинска вечер седејќи под ѕвездите. Со танцот на занесните стомачни танчерки, огнено шоу, традиционална музика и автентична арапска кујна, ќе го доживеете вистинскиот Ориент… Со вечерата се вклучени неограничени безалкохолни пијалоци.

Во цената е вклучена вечера и трансфер од/до хотел со водич.

Ноќевање.

26.10 (Сабота)              ДУБАИ – АБУ ДАБИ- ДУБАИ

Појадок.

РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ АБУ ДАБИ (09:30 – 18:00 часот)

Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, најголемиот по површина и главен административен центар. Се смета и за еден од најбогатите градови во светот, имајќи предвид дека на територијата на овој емират се наоѓаат најголем број на нафтени наоѓалишта. Затоа е познат како „Скапоцен камен на Арапите“.

Патувањето од Дубаи до Абу Даби покрај големата индустриска зона Џебел Али е скратено на само 1 час и 15 минути со отворањето на новиот автопат. Ова е град кој доживеа голема трансформација во последните неколку години, а проектите кои се во тек ќе направат значително да се промени физиономијата на целиот град. Приказната ја започнуваме со возење покрај „Emirates Palace“, зграда на хотел со седум ѕвезди и продолжуваме кон центарот на градот каде ќе направиме пауза за фотографирање. Планиран е и ручек во еден од хотелите во градот. Обиколката на новите делови на градот вклучува патување до островот Садијат – каде што во моментов се градат нови проекти како Лувр во Париз и музејот Гугенхајм во Билбао, и до островот ЈАС (YAS ISLAND), каде што има тркачка патека Формула 1 и  забавен парк „Ferrari World“.  Дефинитивно најнезаборавниот впечаток од оваа екскурзија ќе го добиете од SHEIK ZAYED MOSQUE, една од најголемите џамии во светот. Ова уникатно архитектонско чудо, каде што е погребано телото на таткото на нацијата Шеик Зајед, е познато и како негов мавзолеј.

Во цената е вклучен трансфер од/до хотел и придружба на водич.

Ноќевање.

27.10 (Недела)                     ДУБАИ

Појадок. Слободно претпладне за посета на плажа: Jumeirah Beach, Barasti Beach…

MIRACLE GARDEN & GLOBAL VILLAGE ( 14:30 – 21:30 часот )

Магичната ботаничка градина во Дубаи е изградена и официјално отворена на Денот на вљубените, 14 февруари 2013 година. Со своите 72.000 квадратни метри површина и над 50 милиони цвеќиња и 250.000 засадени растенија, оваа градина е најголемата природна градина во светот. Отворена е од ноември до април секоја година.

Глобалното село е една од најпопуларните дестинации за вечерна забава во Дубаи. Тој се отвора секоја година помеѓу ноември и април и ги носи посетителите на турнеја во виртуелен свет со копии на меѓународна архитектура, културни зони, павилјони за храна, шоуа, возења и пазари. Уникатно место каде на едно место може да се проба храна од сите делови на светот, а воедно да се запознаат традициите и обичаите на различни националности.

Во цената е вклучен трансфер од/до хотел и влезница.

Ноќевање.

28.10 (Понеделник)             ДУБАИ – ТИРАНА – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Абу Даби за Тирана полетува во 09.15 и слетува во 12.20ч. Трансфер до Скопје.

За уплата до  02.10: Хотел “Ibis Al Barsha” 3* 619 евра     (38.380 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:          669 евра     (41.480 денари)

За уплата до 02.10: Хотел “Signature 1 Hotel Tecom” 4* 729 евра  (45.200 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                      779 евра         (48.300 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Автобуски превоз Скопје-Тирана-Скопје

-Авионски превоз Тирана – Абу Даби – Тирана со Визер

-Аеродромски такси

-Трансфер аеродром-хотел-аеродром

-Кабинска тоба со димензии 40х30х20cm до 10кг

-Сместување во хотел по избор на база 5 ноќевањa со појадок во Дубаи

-Локален водич за реализација на излетите
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Виза за Дубаи 95 евра

-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг, куфер до 20кг…

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

-Патничко – здравствено осигурување

-Доплата за еднокреветна соба во х. Ibis Al Barsha 11.200 мкд

-Туристичка такса (се плаќа во хотелот)

Факултативни излети – ценовник со важност од 06.09.2024

-Разглед на Дубаи 60 евра

-Пустинско сафари 60 евра

-Екскурзија  до Абу Даби 80 евра

-Крстарење по Дубаи марина 70 евра

-Burj Khalifa 124 кат влезница 50 евра

-Miracle Garden и Global Village 65 еврa

-Летање со хелихоптер 200 евра

Напомена:

Напомена:

– Цените се по лице за сместување во двокреветни соби и трокреветни соби.

– Во хотел Ibis Al Barsha може да сме сместат максимум 2 возрасни лица и едно дете до 6 год. Дете од 2 до 6 год. добива попуст од 30 % во соба со две возрасни лица (без легло).

-Три возрасни лица може да се сместат само во “Signature 1 Hotel Tecom”. Дете од 2 до 6 год. добива попуст од 10% (без легло).

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

– Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош. Интернационален извод за деца до 18 год.

– Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција.

– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …

– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Споделете: