ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 10 Ноември:  399 евра / 24.740 ден.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 449 евра / 27.840 ден.

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “.

ТЕРМИН:   06 -09 Декември 2024 / 4 дена /3 ноќевања

ПРОГРАМА :

01 Ден:  СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ:

Состанок на групата на аеродром Александар Велики , Скопје во 08:00. Полетување на авионот за   за Истанбул во 10:00. Слетување во Истанбулво   л.в. Полетување на авионот за Кајсери во .   Слетување во Кајсери во 19:20часот по локално време. Трансфер до хотел во Гореме. Ноќевање.

0204 ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА :  Престој на база 3 ноќевање со појадок.

04  ден : ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:

Полни со впечатоци, поаѓаме кон Кајсери.  Полетување на авионот од Кајсери за Истанбул  во зависност од одбраниот термин, според табелата. Слетување во истанбул во.    Полетување на авионот за Скопје во.  Слетување на авионот во  Скопје во (според табелата)по Македонско време

За време на престојот во Гореме – Кападокија, предвидовме бројни магични, возбудливи излети и доживувања кои никако не треба да се испуштат.

 ЛЕТ СО БАЛОНод долините пред „Музејот на отворено-Гореме„  во мугрите, пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа  авантура  никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако…чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига 700 -1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.    *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:    Почнуваме со панорамски поглед од највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…

Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.

Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил  за Хурем Султан.

Потоа го посетуваме подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….

Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката (во зависност од временските услови и честите реконструкции). Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река…

По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.  Враќање во хотел.

СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА:  Предлагаме особено возбудлив излеткој води буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год.

Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.

После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Пашаба долината е прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

 ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : 

– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола за управување не е потребна)        или….

ТУРСКА ВЕЧЕР : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.           

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: Секако дека навоѓаме временски простор, покрај сите излети, да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ: Во раните утрински часови можност за едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, додека Балоните летаат над вас. ( во зависност од временските услови).

КАПАДОКИЈА   06-09 Декември  2024          Cave/Stone      Хотели во    ГОРЕМЕ– КАПАДОКИЈА
Дата ПолетуваИстанбул меѓуслет.Слетува
06.Декември  Скопје – Кајсери      10:00да19:20
  Кајсери Скопје
09. Декември  Кајсери – Скопје  05:30да09:45
09. Декември  Кајсери – Скопје  11:45да15:45

         Доплата за еднокреветна соба: 130 евра      

  *Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите. Плаќање во денарска противредност  1€=62 мкд

NOAH’S ARK” Cave/Stoneхотел во центарот на Гореме. – Уникатно доживување, престој во потполно нов Cave/Stone хотел, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење…Со прекрасен поглед од терасата на хотелот кон многуте Самовилини оџаци и панорамата на Гореме. Wi-Fi. Ограничен број на соби. Дополнителни соби, во блиските cave/stone.хотели.

ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Авионски превоз со PEGASUS  AIRLINESСкопје-Истанбул-Кајсери-Истанбул-Скопје
  • Аеродромски такси
  • 3 Ноќевања со појадок  во Cave/Stone хотел, во срцето на Кападокија, во најубавото туристичко место Гореме.
  • Трансфери од аеродром Кајсери до хотел и назад
  • “Light package”багаж,максимални димензии: 40х30х15 см., 3 kg, за под седиште.
  • Услуги на локалната агенција,
  • Организација на патувањето,
  • Туристички пратител на патувањето (за групи над 10 лица). Индивидуалните патници ги пречекува нашиот партнер од Кападокија а излетите се на Англиски јазик. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување   250 мкд,
  • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќ. (се плаќа во агенција, во денарска противредност)
  • “Saver package”багаж : доплата 40€ вклучува: “Light package” + 1 кабинска торба/куфер со димензии 55х40х20 см, 8 кг + 1 торба/куфер кој се чекира, 20 кг максимум. (резервација и плаќање исклучиво при пријавување)
  • Факултативни излети и не спомнати услуги.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

  • “Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (65€),
  • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (65€),
  • Пијалокот не е вклучен за време на ручеците.
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА
  • “Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија”  = 120 €
  • КОМБО Пакет:  „Магија на Кападокија„ + Турска вечер : 160€ 
  • Дополнителни факултативни атракции во Кападокија 
  • ЛЕТ СО БАЛОН  – (од 160). Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација, како би навреме резервирале балон по најниска цена. Дефинитивната цена ќе биде позната неколку дена дена пред патувањето.                                                                 
  • ATV SUNSET TOUR, (30€) по лице трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (мин 2 лица)
  • ЦРВЕНА ДОЛИНА (20€),со залез на сонцето, превоз, локален водич, (мин. 6 лица)
  • ТУРСКА ВЕЧЕР(45€), со шоу програма, мезе, вечера и неограничен пијалок, превоз, локален водич:
  • ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ (25€): церемонија , превоз, локален водич:
  • КАМИЛИ на ИЗГРЕЈСОНЦЕ(40€): Едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци уживајки во изгревот на сонцето,  бркајќи ги балоните (ако летаат).
  • JEEP SAFARI(35€)  2 часа: Утринско возење низ нови долини: ”Долината Узенгија”-скриениот рај на Кападокија, долина богата со кислород и лековита минерална вода. Потоа ве возат до долината каде е мистериозниот Манастир Халач или Манастирската болница и за крај посета на ридот Зиндан – Антички карпест објект кој служел како судница…   (цена по лице, за минимум 4 лица)
  • Резервација и плаќањето на факултативните излети кај нашиот преставник  во Турција
  • За групи до 10 лица, водичот е на Англиски јазик

НАПОМЕНИ:

 * За реализација на ова патување, потребен е минимум од 2 патника.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

* Цената на аранжманот зависи од моментот на резервација т.е. цената и слободните места во авионот и хотелите.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Pegasus го задржува правото на промена на дадените сатници на летовите. Ве молиме да го проверите летот на авионот 24 часа пред тргнувањето.

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ, Скопје Македонија, составен дел на Договорот за патување.

       КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел од царството на Хититите, Александар Македонски, Рим, Византија, Селџуци, Османлии… се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

ЃоремеСрцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал… Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год….со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето, типично мало Анодолско место, малку потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточно градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Се верува дека тука е погребан големиот Селџуцки Султан Кејкубат.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- “Тврдина на високо: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

Ортахисар (Ortahisar): во превод Средишна тврдина, бидејќи од самиот центар на местото високо се издига голема вулканска стена, некогаш скривалиште на Христијаните. Околу стената и во самата вулканска почва, се изградени и издлабени куќи и цркви. Од многуте цркви, најпозната е “Uzumli klise” (Црква на Гројзето) од 8 или 9 век. Уште од времето на старите Христијани, тука имало складишта на јужно овошје, издлабени во стените.

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Оддалечен 15 км од Ѓореме.

Споделете: