Hotel Kamena 3* е позициониран централно во ски резортот Пампорово. Опкружен со густа четинарска шума, идеален е за мирен семеен одмор, но и за поголеми друштва. Се работи за помал хотел со ограничени содржини но со добра услуга и умерени цени. Хотелот во својата понуда има вкупно 42 сместувачки единици. Секоја е опремена со кабловска ТВ, мини бар, простор за седење, интернет. Некои се со балкон. Од хотелските содржини издвојуваме: интернет, надворешен паркинг, ресторан со 80 места, меана со 100 места, лоби бар со маса за билијар, релакс зона со теретана, парна бања, сауна, и масажа со резервација, детска игрална, ски остава, трансфер до ски лифтот.
ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
(не е валиден за период 30.12-01.01)
-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.09.2024
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.10.2024
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11.2024
услуга ПОЛУПАНСИОН | 01.12 – 20.1202.01 – 16.0104.03 – 15.04 | 21.12 – 29.12 | 30.12 – 01.01 | 17.01 – 03.03 |
По лице во dbl соба | 46 € | 50 € | 79 € | 56 € |
По лице во trpl соба | 39 € | 46 € | 75 € | 52 € |
По лице во студио | 62 € | 72 € | 123 € | 83 € |
Во цената е вклучено : ноќевање со појадок и вечера, сауна, парна бања, фитнес, детско катче, интернет, паркинг, трансфер со ски центар Малина.
Попусти и доплати:
Деца до 11,99 год. на дополнително легло – БЕСПЛАТНО
Дете до 11,99 год. на редовно легло во трокреветна соба – нема попуст
Две деца до 11,99год со двајца возрасни во трокреветна соба – двете деца плаќаат по 50% од редовната цена
Трет возрасен на дополнително легло во двокреветна соба – 20% попуст
Трет и четврт возрасен на дополнително легло во студио – 40% попуст
Доплата за Новогодишна вечера (задолжително) 85€ / возрасен 44€/ дете 2 до 11,99 г.
Капацитет на сместување:
Двокреветна соба – 2+1, 3+0
Трокреветна соба – 2+2, 3+1
Студио – 2+2, 3+1, 4+0
Во цените не е вклучено : патничко осигурување и туристичка тaкса 1€ по лице на ден
Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд