ПРАГА – Дрезден – ВИЕНА

Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место најпосетувани европски градови.

Програма

  • ДЕН 1: петок (06.12.2024) СКОПЈЕ ПРАГА

Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 ч. Патувањето е преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

  • ДЕН 2: сабота (07.12.2024) ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативен панорамски и пешачки разглед на градот со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. Слободно време за индивидуални активности и посета на  Christmas Market. Сместување во хотел. Слободно индивидуално време. Ноќевање.

  • ДЕН 3: недела (08.12.2024) ПРАГА ДРЕЗДЕН ПРАГА

Појадок. По појадокот предвидено е крстарење на реката Влтава. Крстарење кое нема да ве остави рамнодушни, преубаво искуство каде одблизу ќе можат да се видат сите оние готски згради кои ја прават Прага една од најубавите градови во Европа. По крстарењето се упатуваме на факултативен излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија. Основан уште во 600г. пне. на обалата на реката Елба. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Слободно време. Ноќевање.

  • ДЕН 4: понеделник (09.12.2024) ПРАГА-ВИЕНА-СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 10.12.2024 (вторник).

ПРОМО ЦЕНА: 159 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 80 ЕВРА!
РЕДОВНА ЦЕНА: 1
89 ЕВРА

Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во околината на Прага
– Oрганизиран разглед на Виена
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
– Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

Во цената не е вклучено:


– Разглед на Прага со водич -15 евра
– Факултативен излет на Дрезден -45 евра
– Крстарење по реката Влтава – 25 евра
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
– Патничко осигурување – 5 евра

НАПОМЕНИ:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето
  •  Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Мај Травел           

Споделете: