Атина – Пелопонез -Делфи
1.ден 06.12.2024 Битола – АТИНА
Состанок на групата околу 20.00 часот, и заминување за Грција преку граничен премин Маџитлија. Попатни паузи и царински формалности.
02.ден 07.12.2024 АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Средба со локален водич и панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта, можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
03.ден 08.12.2024 АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок.По доручекот слободно време или факултативена посета на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во доцните попладневни часови. Враќање во Атина. Ноќевање.
04.ден 09.12.2024 АТИНА – ДЕЛФИ – Битола
Појадок. По појадокот заминување од Атина кон археолошкиот локалитет Делфи во подножјето на планината Парнас. Патувањето води преку древната Теба, кон едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Грција. Посета на познатиот археолошки локалитет Делфи (античко светилиште на богот Аполон) и локалниот музеј. Во попладневните часови попатна посета на споменикот на Спартанците од битката со Персија. Постоа заминување за Македонија . Пристигнување во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 евра
РЕДОВНА ЦЕНА 169 евра
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел ***- на база 2 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса 3 € по лице за
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Факултативна вечера во национален ресторан 40-45 €
– Факултативен разглед на Пелопонез и Арголида 50 €
– Патничко здравствено осигурување 200 денари за патници до 65 год.