Париз и Дизниленд (Disneyland)
Датуми на поаѓање
19.09.2026 – 22.09.2026 – € 599.00
17.10.2026 – 20.10.2026 – € 569.00
12.11.2026 – 15.11.2026 – €569.00
06.12.2026 – 10.12.2026 – €619.00
-
Локација
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
-
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 12:10 часот. Слетување во 15:10 часот. (Ноември 13:00-16:05, Декември 11:15 со 14:20).Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Avenue des Champs-Élysées – Елисејските Полиња, Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – плоштадот Конкорд и Les Invalides – Домот на инвалидите. Сместување во хотел Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Се посетуваат:, Tour Eiffel – Ајфеловата кула, прошетка со брод по реката Сена, Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Quartier Latin – Латинскиот кварт. Musée du Louvre – музејот Лувр. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање во хотел.
3 ден
Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Панорамски разглед на Galeries Lafayette – познатата париска трговска галерија, Opéra Garnier – историската париска опера, Слободно време за шопинг. Поаѓање од Париз во 12 Полетување во 15:45ч од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.( Ноември 14:55-17:40).
** За групата 06.12.2026 со 4 ноќевања слободно попладне или факултативна посета Версај. 5 ден – појадок, слободно претпладне трансфер до аеродром. Лет за Скопје 16:40 слетување 19:25
-
Вклучено
- Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS / 4 ноќевања за групата 06.12.2026
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организиран панорамски разглед на градот со автобус
- Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
- Туристичка такса
-
Не е вклучено
- Сѐ што не е наведено во програмата
- Влезниците за во објектите и музеи
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
-
Факултативни Излети
- Влезница за Лувр 38 € (само влезница), за деца до 10 години 18 €
- Влезница за брод по Сена 18€, за деца до 10 години е 10 €
- Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца до 10 години 7 €)
- Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца до 10 години 20 €)
** Резервација на факултативи при купување на аранжанот!
-
Напомена
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности
