АНТАЛИЈА ЛЕТО 2026
ДИРЕКТНИ ЧАРТЕРИ МАЈ – ОКТОМВРИ
ПРВ ТЕРМИН – 25.04.2026
ПОСЛЕДЕН -17.10.2026
Контактирајте не за да подготвиме НАЈДОБРА понуда за Вас!
075/435-438, 075/612-870
е-маил : mytravelmkd@gmail.com
Град кој ја нуди мистиката на минатото во современ анбиент. Оваа Турска Ривиерa ја красат природни убавини и богато историско наследство. Се наоѓа во западниот дел на Медитеранскиот брег на Турција и е вистинско рајско место во кое сезоната трае 8 – 9 месеци.
Кога ќе дојдете Анталија – бисерот на таканаречената Турска Ривиера, ќе забележите дека е поделен на два дела: еден современ, со широки улици и булевари, модерни станбени згради, богат со најразлични содржини за ноќен живот..; додека другиот дел е стар град, Калеиџи, изгграден окулу старото пристаниште и денеска претворен во туристичко срце на градот. Во Римско време бил опкружен со ѕидини а денеска таму ќе најдете тесни, поплочени улички, стари турски куќи, џамии, анови, амами..повеќето со сочуванавтентичен изглед каков штоимале во времето на изградба. Голем број на ресторани, кафулиња, слаткарници и клубови се наоѓаат во стариот дел Калеиџи кој е и културен центар на градот и во кој се одржуваат најразлични уметнички манифестации. Во Анталија е се наоѓа главниот аеродром кој го опслужува туризмот во овој дел на Турција.
ТУРЦИЈА • АНТАЛИЈА • АВИОН
Луксуз, раскош, беспрекорно испланирани „All Inclusive“ концепти во одлични хотелски комплекси со разновидни содржини, изразени природни контрасти, мистиката на Ориентот…Ова е дел од адутите на Турската Ривиера.
Со години наназад Турција важи за една дестинација со можеби најобемен избор на квалитетни хотели и традиционална одлична услуга, поради што со право е меѓу најбараните и најатрактивните дестинации во регионот. Доколку сте во онаа категорија на туристи кои преферираат хотели со разновидни и богати содржини, сместени на долги, песочни плажи – Ви препорачуваме летување во Аланија, Лара, Сиде, Белек или Кемер – Изборот на хотели е огромен а цените и условите за резервација најдобри.
АВИОН • ПОПУСТИ & ПРОМОЦИИ • FIRST MINUTE • LAST MINUTE
Со Чартер летови или редовни авионски конекции Ве носиме дирекно до Медитеранскиот брег на Турција. Резервирајте на време и искористете ги големите Early Booking попусти за рани резервации. Следете ја нашата понуда редовно за најактуелните цени, понуди, промоции, “First Minute” или “Last Minute” акции!
Турција – Совршена Дестинација за Вашиот Следен Одмор
Турција е земја на бескрајни можности, каде што се среќаваат историјата, културата и природните убавини. Нашите пакет аранжмани се дизајнирани за да ви понудат целосно искуство, комбинирајќи луксузно сместување, организирани тури и незаборавни авантури.
Со нас, ќе ја почувствувате уникатната атмосфера на оваа фасцинантна земја. Без разлика дали сте љубител на историја, природни чуда или едноставно барате релаксација, Турција ги нуди сите овие и многу повеќе.
ДЕЛ ОД ПОНУДАТА НА ХОТЕЛИ:
(официјални веб страни на хотелите)
- Justiniano Club Alanya 4*
- Bieno Club SVS (Ex Bone Club SVS) 4*
- Monte Carlo Hotel 4*
- Mesut Hotel 4*
- Krizantem Kaila Hotel 4*
- Fame Beach Hotel 4*
- Fame Residence Goynuk 4*
- Eftalia Village 4*
- Club Dizalya 4*
- Port River Hotel and Spa 5*
- Justiniano Park Conti 5*
- Club Calimera Serra Palace 5*
- Sultan of Side 5*
- Kaila Beach Resort 5*
- Sultan of Dreams 5*
- Sea Planet 5*
- Crystal Admiral 5*
- Alaiye Resort 5*
- Selectum Family Comfort (ex Lyra) 5*
- Porto Bello Resort 5*
ЗАБЕЛЕШКИ:
- Сите хотели се на барање.
- Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 МКД за 1 ЕУР.
- За влез во Турција потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција.
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE:
- За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
- Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање.
- Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
- Не придржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
- После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
- Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
- Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување.
- Сите сатници/времиња се дадени во локално време.
- Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга.
- За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
Програма
01 ДЕН | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА
Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или согласно инструкциите добиени од оранизаторот. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто околу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
02 ДЕН – Претпоследен ден | Престој во хотел
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ
Вклучено / Не е вклучено
- Директен авионски (чартер) лет на релација Скопје – Анталија – Скопје
- Аеродромски административни такси (40 еур по лице / 20 еур за бебе под 2 години)
- Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга
- Организиран групен трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
- Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот
- Организација на програмата
- Оброк/пијалок во авион за време на летот
- Факултативни екскурзии
- Задолжително здравствено патничко осигурување
- Останати индивидуални трошоци
Оставете го планирањето на нас и подгответе се за патување кое ќе го паметите засекогаш. Турција е дестинација што секој мора да ја искуси барем еднаш во животот!
