Вила “ISI Lux” – Неа Потидеа
Бесплатно сместување за 3-то лице во студио
Вила “ISI Lux” се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел “Potidea Golden Beach”. Вилата е изградена во 2017 год и е на два спрата (високо приземје и први кат). Има прекрасно уреден двор со парк и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на вилата на околу 50м има супермаркет. Структура и распоред на студија: 1/3 студија, брачен и единечен кревет. Студијата се на високо приземје и I-ви кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Вилата за прв пат е отворена во 2017 година. Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата доколку има слободен паркинг или на 50м од вилата има паркинг. Ви посакуваме пријатен престој.
| “ISI Lux” Неа Потидеа |
термин | МАЈ | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||||||
| 30 | 06 | 13 | 20 | 27 | 04 | 11 | 18 | 25 | 01 | 08 | 15 | 22 | 29 | 05 | 12 | 19 | ||
| бр. ноќи | 7 | 7 |
7 | 7 |
7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 | 7 | 7 | 7 | |
| 1/3 студио | 175 | 215 | 255 | 305 | 565 | 605 | 655 | 715 | 715 | 715 | 715 | 715 | 655 | 325 | 285 | 235 | 185 | |
| опис на ценовникот | по лице со превоз | цени за наем на цело студио | по лице со превоз | |||||||||||||||
НАПОМЕНA:
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи /8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио – БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7ноќи / 8дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
- Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Превозот ги остава патниците пред вилата доколку се патува со минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
- Wi-Fi интернет и КЛИМА – БЕСПЛАТНИ!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
- Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
| Автобуски превоз НЕА ПОТИДЕА, според термини од табелата | Патни информации | ||
| Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање | Скопје – Неа Потидеа (310km) |
| Куманово: | (бензинска Макпетрол – автопат) | 04:15h |
Скопје – Солун – Неа Модања – Неа Потидеа Автопат (Е75)
Трошоци во еден правец: |
| Скопје: | (пред хотел Континентал) | 05:00h | |
| Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h | |
| Велес: | (бензинска Макоил, мотел Македонија) | 05:45h | |
| Неготино: | (бензинска, Макпетрол) | 06:15h | |
| Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h | |
| Поаѓање од Неа Потидеа: | 15:00 по МК време / 16:00 по ГР време (пред вилата или стадионот) | ||
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.
