Куршумлијска Бања е градска населба и бањско лекувалиште во општина Куршумлија.Бањата се наоѓа во котлината на Бањска река, на 442м надморска висина и на 11км од Куршумлија.
Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлијска Бања е лоциран на падините на шумовитиот Копаоник. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до Вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“.
- Воспалителен ревматизам: ревматоиден артритис (фаза на ремисија), Бехтерева болест (почетен стадиум)
- Дегенеративен ревматизам: спондилоза (осификација) на вратниот и лумбалниот дел од ‘рбетот, дискарртроза, дискус хернија со или без радикулопатија (пр. лумбоишијалгија, цервикобрахијалгија), гонартроза, коксартроза, остеоартроза на мали зглобови на рацете и нозете
- Екстраартикуларен (вонзглобен) ревматизам: фиброзитис, тендинитис, бурзитис, епикондилитис („тениски“ и „голферски“ лакт)
- Метаболички болести на зглобовите и коските: остеопороза, гихт
- Сите видови спортски повреди
- Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем (состојби по вградување на вештачки колкови и колена).

Цените се изразени по лице по ноќевање на база на Полупансион
Наведените цени не се валидни за време на празниците во Србија:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Сместување во Двокреветна соба
- Употреба на базени:
Отворен и внатрешен базен
Полу-олимписки базен
Базен за релаксација со термална вода
- Употреба на Велнес центар:
Сауни
Парна бања
Тепидариум
Солени соби
Собата за релаксација
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса за престој 1.2 € по лице/ноќ, 0.6 € за дете/ноќ за возраст помеѓу 7-15 год. Деца на возраст 0-7 год. не плаќаат туристичка такса.
ДОПЛАТИ
- Еднокреветна соба: 10 € дневно.
- Престој во комфорт соби: 6 € по лице дневно.
- Престој во апартман: 14 € по лице дневно.
- Деца до 7 години престојуваат бесплатно, од 7-10 години плаќаат 50% од наведените цени со придружба на две возрасни лица.
|
Wellness ден подразбира:
❖ Користење на велнес центар „Бањска“
|
Медицински ден подразбира велнес ден + 4 терапии дневно
❖ Сите терапии се спроведуваат по препорака на лекар и по лекарски преглед
❖ Терапиите ги одредува бањскиот лекар според индикациите, а се изведуваат секојдневно, вклучувајќи викенди и празници |
