Вила Калофонос – Закинтос 2025

Закинтос е трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.
ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.

 

KALOFONOS STUDIOS – Сместено во срцето на Закинтос, Kalofonos Studios нуди удобни и модерни уредени студија само 100 метри од плажата Лаганас. Уживајте во мирна и пријатна атмосфера. Главната улица е одалечена само на неколку чекори, каде може да уживате во некои од добро познатите дискотеки и клубови.

Дадените цени се по лице со превоз

Термини 1/2 1/3
01.07.-09.07.2025 Распродадена 189
08.07.-16.07.2025 299 289
15.07.-23.07.2025 Распродадена Распродадена
22.07.-30.07.2025 Распродадена Распродадена
29.07.-06.08.2025 Распродадена 289
05.08.-13.08.2025 309 299
12.08.-20.08.2025 299 289
19.08.-20.08.2025 299 289
26.08.-03.09.2025 219 189

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА – ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ

  • Сместување на база 7 ноќевање во двокреветни и трокреветни апартмани/студија/соби во избраните вили во Лаганас.
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Килини – Скопје
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза)
  • Билет за траект на релација Килини – Закинтос – Килини кој чини 35 евра – СЕ ПЛАЌА ВО АВТОБУС
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2014. година (дневно по соба: приватно сместување – 2 евра) – СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци

ПРОГРАМА:

1.ДЕН / СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:

Поаѓање од пред С.Ц. Борис Трајковски во договореното време. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 – 7.ДЕН ЗАКИНТОС: 

Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 9 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.

8.ДЕН / ЗАКИНТОС – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:

Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. Пловење со траект од Zakintos до Killini, денско и ноќно возење со автобус до Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

НАПОМЕНА

–  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Мај Травел .

 

 

Share This