Mare Blu Studios& Suites -Закинтос 2026

Закинтос е трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.
ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.

Mare Blu Studios & Suites

Сместено на самата песочна плажа во Лаганас, Mare Blu Studios & Suites ви нуди идеално бегство за оние што сонуваат за мирни утра со поглед на бескрајното Море. Секоја соба има приватен балкон или тераса со директен поглед на морето, совршено место за утринско кафе или вечерен коктел.​Сместување Нашите студија и апартмани се дизајнирани за удобност и релаксација. Секоја соба располага со приватен тоалет, а дел од нив се опремени со мини кујна – идеално за оние што сакаат да подготват лесен оброк. Сместувањето е чисто, светло и пријатно, со внимателно одбрани детали што создаваат домашна атмосфера.​Локација:Се наоѓаме во тивкиот дел на Лаганас, само неколку чекори од плажата и во близина на главната улица со ресторани, кафулиња и продавници. Оваа локација ви овозможува да уживате во мирот на морето, додека сте блиску до забавниот живот на Лаганас.

Дадените цени се по лице со превоз

MARE BLU STUDIOS & SUITES LUX

 

01.07.-

09.07.

08.07.-

16.07.

15.07.-

23.07.

22.07.-

30.07

29.07.-

06.08.

05.08.-

13.08.

12.08.-

20.08.

19.08.

-27.08.

26.08.

-03.09.

02.09.

-10.09.

1/2 279/ 319/ 349/ 349/ 349/ 349/ 329/ 309/ 279/ 269/
1/3 275/ 309/ 339/ 339/ 339/ 339/ 319/ 299/ 275/ 259/
1/4 269/ 299/ 329/ 329/ 329/ 329/ 309/ 289/ 269/ 249/
1/5 269/ 299/ 329/ 329/ 329/ 329/ 309/ 289/ 269/ 249/

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

– Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос/Лаганас

-Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје

-Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжителна туристичка такса за Грција – 7 еур. / лице – (за цел престој, се плаќа на лице место при пристигнување во сместувањето)

– Патничко осигурување

-Индивидуални трошоци

 

ПРОГРАМА:

1.Ден / Скопје – Грција:

Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови (околу 17:00-18:00 часот) пред С.Ц Борис Трајковски. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.
(ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОАЃАЊЕ СЕ ДОБИВА 1-2 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕТО)
Поаѓање од Скопје. Денско и ноќно возење.
2 – 7 .Ден / Закинтос:
Во раните утриснки часови следува пристигнување на пристаништето Килини. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas. Според правилата влегувањето во собите е после 14:00 часот. Престој на Zakintos 7 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.
Не заборавна летна авантура.
8 .Ден / Лаганас – КИЛИНИ – Грција:
Во утринските часови следува напуштање на сместувањата (во период помеѓу 08:00 и 09:00 часот) и пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на царински формалности… Предвидено пристигнување во Скопје е после полноќ.
Напуштање на собите. Слободно време. Поаѓње кон Македонија (траект и автобус).
Напомена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

✅ Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос/Лаганас

✅ Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје

✅Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжителна туристичка такса за Грција – 7 еур. / лице – (за цел престој, се плаќа на лице место при пристигнување во сместувањето)

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 8 еур. (се плаќа во агенција)

 ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Килини – Занте – Килини – 45 еур. / повратна карта (се плаќа во автобус)

– Факултативни излети

– Индивидуални трошоци.

Напомена:

–  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници.

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање

– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане

– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот

– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж

– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби

– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.

– Организаторот не може да влијае на сместувањето во вилите. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Балкан Фан ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите.

– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.

– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола.

– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане

– За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Мај Травел  и СКТМ

 

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

ЗАКИНТОС Е ПОЗНАТ ПО ЕДИНСТВЕНАТА ВРСТА НА ОГРОМНИ ЖЕЛКИ “CARETA CARETA” КОИ ГИ ИМА ПО ЦЕЛИОТ ОСТРОВ, А ПОСЕБНО ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА ОСТРОВО. БРОД СО ПОСЕБЕН СТАКЛЕН ПОД, ИСПЛОВУВА ЗА ОСТРОВОТ MARATONISI КАДЕ ШТО ЌЕ УЖИВАМЕ ВО БАЊАЊЕТО И ПОТРАГАТА НА ОВИЕ РЕТКИ ВРСТИ НА ЖЕЛКИ. ПОПУЛАЦИЈАТА НА ОВИЕ ВРСТИ НА ЖЕЛКИ ЕГОЛЕМА ВО БЛИЗИНА НА ОСТРОВОТ MARATONISI ТАКА ДА ВИ ГАРАНТИРАМЕ ДЕКА СИГУРНО ЌЕ ГИ ВИДИТЕ И ФОТОГРАФИРАТЕ CARETA CARETA ЖЕЛКИТЕ. ПОСЛЕ ОБИКОЛКАТА НА ОСТРОВОТ MARATONISI, НА ОВА КРСТАРЕЊЕ ЌЕ ГИ ПОСЕТИМЕ И АФТЕНТИЧНИТЕ KERI ПЕШТЕРИ КОИ СЕ ПОЗНАТИ ПО СВОЈАТА НЕВЕРОЈАТНО ЧИСТА И ПЛАВА ВОДА. ЌЕ НАПРАВИМЕ УШТЕ ЕДНА ПАУЗА НА ПРЕУБАВА ПЛАЖА ВО БЛИЗИНА НА KERI ПЕШТЕРАТА КАДЕ ШТО ЌЕ ИМАТЕ ВРЕМЕ ЗА БАЊАЊЕ И УЖИВАЊЕ ВО НЕВЕРОЈАТНО ЧИСТАТА ВОДА.

 

Share This