Секое патување ново доживување, нова авантура, нова крајна дестинација…а почетната?
Почетната дестинација е секогаш од исто место, секогаш од Туристичка агенција Мaj Tравел.
Агенцијата ја создадовме и постои за да Ве одведеме до Вашите посакувани дестинации за патување, за да ги реализираме Вашите желби
и идеи за летен и зимски одмор, да Ви понудиме прекрасни места за бањско лекување и СПА центри како и да Ви резервираме авионски и автобуски билети за секаде низ светот.
Љубезноста ни е доблест, посветеноста за реализација на барањата од клиентите обврска а достапноста за контакт со секого неограничена.
И нашата најголема обврска е со насмевка да Ве испратиме до дестинациите за патување и одмор кои сами сте ги избрале, да ја видиме насмевката на секоја фотографија и повторно со насмевка на Вашите лица да ги планираме заедно Вашите нови авантури.
Почувствувајте ја магијата на жешките песочни плажи, тиркизната морска вода, романтичните залези на сонце и бурен ноќен живот.
Уживајте во прекрасните хотелски комплекси но и во старите приморски градови,впловете во спојот на модерниот луксуз и историскиот шарм,препуштете се на богатите со вкусови локални кујни и вечерни прошетки по тесни улици со калдрма.
Нудиме разновидни понуди за хотелско и апартманско сместување во Грција, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Хрватска…како и комплетни чартер програми за Турција- Анталија и Бодрум,Тунис, Египет- Хургада со огромен избор на хотели за сите возрасти и вкусови.
Поминете ги Новогодишните празници и зимските денови опкружени со бескрајна бела снежна покривка околу Вас. Испијте го вашиот топол чај на бачило во еден од Вашитите омилени зимски туристички центри во Бугарија, Србија, Австрија , Македонија… дозволете ни да ја креираме Вашата зимска идила.
Доколку сакате да побегнете од динамичниот стресен живот далеку од градскиот метеж посетете некоја од живописните терминални бањи во соседна Србија и Бугарија како и во Македонија.Истражете ги прекрасните шумски патеки,вдишете го со полни гради чистиот планински воздух и препуштете се во прегратките на природата.
И уште еднаш да потенцираме, Ваше е само да покажете со прстот на картата на светот каде сакате да стигнете а наше е да Ви обезбедиме авионски и автобуски билети по најприфатливи цени.
Ајде заедно да создаваме нови прекрасни спомени.
Поседуваме Б лицеца за вршење на туристичка дејност
Со почит ,
МY TRAVEL AGENCY
