Вила Ураниа -Парга 2026

во центар на Парга на  300 метри од плажа

ПАРГА
Во областа Епир постои магичниот дел на Јонското море, местото каде се спојуваат две спротивставени природни убавини: планината и морето. Оваа убавина го освојува секој турист кој ја посетил Парга, овозможувајќи да ужива во мирот, автентичноста и интимноста на оваа светска туристичка дестинација. Кога ќе прошетате во стариот град се чувствувате како да патувате во времето опкружени со сегашноста. Плажите Крионери, писо Крионери во центарот на градот и плажата  Валтос под Венецијанскиот замок се вистинско уживање во Парга на Јонското море.

Вилата “URANIA“- СТРАНИЧЕН ПОГЛЕД МОРЕ, лоцирана е во центарот на градот во Парга со прекрасен страничен поглед кон море од терасите. Лоцирана е веднаш до стариот музеј за производство на маслиново масло. Од плажа е оддалечена 300 метри. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, клима уред и тв и тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед кон морската шир. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет, паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место. Во близина на вилата има и паркинг со доплата.

ЦЕНОВНИК

Во апартман дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет, преку дозволениот број со
претходно одобрување и “доплата” од 10 евра од ноќ,може да се смести максимум + едно дете (6 години) во кревет со родител.

ЦЕНИТЕ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 и 9 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ И WI-FI Е БЕСПЛАТНО

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 70 € за возрасни – повратна карта
  • 50€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • 35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
    20 € за прв ред на седиште;
  • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

АПАРТМАН БР.1 (1/2+1)    2 ЛИЦА+1 ДЕТЕ ДО 12.ГОД
Апартманот 
се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет (или може да бидат два поединечни) комотен за спиење на 2 лица и може да се додаде еден дополнителен кревет на спуштање за дете до 12 год. Има плакар за алишта, ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, ел.шпорет, голем фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед на море.

АПАРТМАН БР.2 (1/2+1)    2 ЛИЦА+1 ДЕТЕ ДО 12.ГОД
Апартманот 
се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет (или може да бидат два поединечни) комотен за спиење на 2 лица и може да се додаде еден дополнителен кревет на спуштање за дете до 12 год. Има плакар за алишта, ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, ел.шпорет, голем фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед на море.

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 00:15 часот наутро
Скопје Спроти Хотел Бристол паркинг 01:30 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 02:00 часот наутро
Кочани Основен Суд 00:30 часот наутро
Штип Нова Пошта 01:30 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 02:30 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 03:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 01:30 часот наутро
Битола Спортска сала 00:30 часот наутро

 

Share This