Виена за Нова Година
– 2НП
Од 199 € по лице
Со богата култура, многубројни историски знаменитости и зачудувачка архитектура, Виена претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Поставен благодатно на источните брегови на реката Дунав, главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци и збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Без разлика дали барате места за посета во еден или пак во повеќе денови, овој елегантен град нуди големи зборна туристички атракции.
Програма
1
1 Ден: 30.12.2026 (СРЕДА)
- Состанок на групата во 12:30 часот на Дрводекор и поаѓање за Виена во 13:00 часот.
- Патувањето се одвива преку Република Србија и Република Унгарија, со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор.
- Ноќно патување кон Виена.
2
2 Ден: 31.12.2026 (ЧЕТВРТОК)
- Пристигнување во Parndorf во претпладневните часови.
- Следува слободно време за шопинг во познатиот Designer Outlet Parndorf, еден од најпопуларните шопинг-центри во Австрија, со повеќе од 170 продавници и попусти во текот на целата година.
- Можност за шопинг во продавници на познати светски брендови како Armani, Prada, Hugo Boss, Gucci, Guess, Mango, Diesel и многу други.
- Во договорено време, продолжување на патувањето кон Виена.
- Пристигнување и сместување во хотел.
- Во договорено време, можност за факултативен разглед на Виена со туристички водич. Ќе ги запознаеме најпознатите знаменитости на австриската престолнина: Виенската опера, дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе,катедралата Св. Стефан и Стефанплац.
- Прошетката низ центарот на Виена ќе ни овозможи да ја почувствуваме посебната празнична атмосфера на градот, украсен и подготвен за дочекот на Новата година.
- По разгледот, враќање во хотел и краток одмор.
- Во договорено време, заминување кон центарот на Виена, каде што ќе имаме можност да уживаме во новогодишната атмосфера и прославата на плоштадите во срцето на градот. Можност за индивидуално уживање во празничната атмосфера, посета на барови и локали или прошетка низ осветлениот центар.
- Во договорено време, враќање во хотел.
- Ноќевање.
3
3 Ден: 01.01.2027 (ПЕТОК)
- Појадок.
- По појадокот, можност за факултативна организирана посета на дворецот Шенбрун, со разглед на неговата внатрешност со туристички водич и вклучена влезница.
- Дворецот Шенбрун е една од најпознатите палати во Европа и еден од најзначајните културно-историски споменици во Австрија. Неговите раскошни простории и прекрасните градини сведочат за животот, традицијата и раскошот на Хабсбуршката династија.
- По разгледот, слободно време за прошетка низ градините и паркот на Шенбрун, каде што посетителите можат да уживаат во прекрасниот амбиент на еден од најпознатите дворски комплекси во Европа.
- Потоа следува слободно време во центарот на Виена, кое можете да го искористите за самостојно разгледување и прошетка низ најпознатите градски улици и плоштади. Уживајте во автентичната атмосфера на градот, посетете некое од традиционалните виенски кафулиња или едноставно опуштете се и доживејте ја празничната магија на Виена. Во договорено време, враќање во хотел.
- Ноќевање.
4
4 Ден: 02.01.2027(САБОТА)
- Појадок
- По појадокот, напуштање на хотелот.
- Следува посета на Дунавската кула (Donauturm), една од најпрепознатливите знаменитости на Виена и симбол на современиот град. Кулата е висока околу 150 метри и се наоѓа во живописниот Дунавски парк, опкружена со зеленило и пространи пешачки површини. Со брз лифт се пристигнува до панорамската платформа, од каде што се отвора прекрасен поглед кон Виена, Дунавот и околината. Во ведри временски услови, панорамата се протега далеку надвор од градот, овозможувајќи убав поглед кон најзначајните градски знаменитости.
- Посетата на Дунавската кула претставува можност Виена да ја доживеете од една поинаква перспектива и да направите прекрасни фотографии од височина.
- Во договорено време, поаѓање кон Македонија.
- Патувањето се одвива преку Унгарија и Србија, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
- Пристигнување во Македонија во раните утрински часови на 03.01.2027 (НЕДЕЛА).
ПРОМО ЦЕНА: 199 ЕВРА ПО ЛИЦЕсо задолжителен пакет 110 евра по лице
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Воцената е вклучено:
– Превоз на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во околина на Виена
– Посета на аутлетот Parndorf
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
– Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Макпетрол (Дреново) и Велес
Во цената не е вклучено:
– Разглед на Виена -20 евра
– Факултативен излет на внатрешноста на дворецот Шенбрун со вклучена влезница и негов разглед со локален водич – 70евра
– Посета на Дунавската кула со вклучена влезница – 30 евра
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
– За single соба се доплаќа дополнителни 100 евра
– Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
– Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
– Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
– За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Мај Травел
ВНИМАНИЕ!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот
