Неапол и брегот на Амалфи -23.10.2026/ Пополнето

 А в и о н с к и   п р о г р а м   с о   п о а ѓ а њ е   о д   С к о п ј е 
 С и г у р н а  р е а л и з а ц и ј а ! ! ! 

Т е р м и н :  23 – 26 . 10 . 2026 

Брегот на Амалфи е еден од најубавите и најживописни делови на Италија, сместен на југот од земјата, покрај Тиренското Море. Познат по драматичните Kарпи, шарените куќи поставени на ридовите и кристално чистото море, овој регион нуди совршена комбинација од природна убавина, медитеранска атмосфера и автентична италијанска кујна. Градовите како Позитано, Амалфи и Равело го прават брегот идеална дестинација за романтичен одмор и луксузно патување.

Ден 1: Октомври 23.2026

Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Полетување за Неапол во 16:30 часот.  Пристигнување во 18:10 часот. Трансфер до хотелот, сместување. Вечерна прошетка низ Неапол. Ноќевање.

Ден 2:  Октомври 24. 2026

Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и уживање на некоја од плажите или можност за организација на индивидуален факултативен излет Брегот на Амалфи и Наполи.
Доживејте незаборавна авантура низ најубавите бисери на јужна Италија. На патот кон нашата прва дестинација Соренто, уживаме во погледот кон островот Капри. По пристигнувањето во Соренто, ќе имаме слободно време за прошетка низ шармантните тесни улички, уживање во уникатните панорами и можност да пробате производи од прочуениот сорентински лимон- лимончело и сорбе.
Втората станица е Позитано, познат по шарените куќи распослани по карпите, тесните улички и романтичната атмосфера. Слободно време за прошетка и уживање во медитеранскиот амбиент.
Од Позитано продолжуваме кон Амалфи историскиот поморски град. По пристигнувањето во приморскиот град, ја посетуваме катедралата „Св. Андреа“, и уживаме во уличната храна додека слушаме за богатата историја.
По напуштањето на Амалфи, подгответе се да зачекорите во градот на музиката. Равело ќе ве воодушеви со својата култура и мелодичен дух. Ќе го истражиме градот низ неговите живописни улички и ќе откриеме што го прави толку уникатен. Равело е сместен високо над брегот, познат по спектакуларните панорами и вилите со раскошни градини.
По времето поминато во Равело, се враќаме во Неапол. Патот води преку Монти Латари, од каде ќе уживаме во панорамски поглед кон брегот. Во попладневните часови уживаме во вибрантните вечери на Неапол, динамичен град со богата историја, автентична архитектура и препознатлива гастрономија. Прошетка низ централното градско подрачје и запознавање со духот на градот.
Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 3: Октомври 25.2026

Појадок во хотелот.  Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет посета на Помпеја или Капри.

Помпеја
Поаѓање од Неапол наутро кон Помпеја, античкиот римски град замрзнат во времето по ерупцијата на вулканот Везув во 79 година. Пристигнување и разглед на археолошкиот локалитет, вклучувајќи улиците, куќите, термите, театарите и фреските кои ја раскажуваат богатата историја на градот.
Посета на Форумот, главниот плоштад, и Вилата на мистериите, позната по зачудувачките фрески. Ќе се запознаеме со секојдневниот живот на древните жители и културните обичаи на времето. По разгледот, слободно време за фотографии и краток одмор.  Во пладневните часови, враќање во Неапол.

Капри
Поаѓање од Неапол со брод кон островот Капри, познат по својата природна убавина и елегантна атмосфера. При пристигнувањето, разглед на знаменитостите на островот: Пиаца Умберто I, шармантните улички со бутици и локални кафулиња, како и можност за возење со жичарница до Анакапри за панорамски поглед кон морето. Слободно време за прошетка, шопинг или дегустација на локални специјалитети, како лимончело и свежи морски плодови. Во попладневните часови, враќање со брод во Неапол, со панорамски поглед на брегот и спомени од незаборавен островски ден.
Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 4: Октомври 26.2024

Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во утринските часови. Слободно време за индивидуални активности до трансфер на аеродром. Поаѓање за Скопје во 14:35 часот.
Пристигнување во Скопје во 16:05 часот.

Крај на патувањето.

ЗА РАНА УПЛАТА 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 499 еур  (30.938 мкд) 

СО ПОЈАДОК 
ЛЕТ ОД СКОПЈЕ
РЕДОВНА ЦЕНА: 579 еур  (35.898 мкд)
Цената вклучува:
  • Индивидуални авионски билет на релација Скопје-Неапол -Скопје со авио компанијата WizzAir
  • Рачен багаж од 10 кг со димензии 40x30x20
  • Трансфер аеродром хотел-аеродром во Неапол
  • 3 ноќевања во хотел со 3* во Неапол на база ноќевање со појадок
  • Пратител на групата за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува:
  • Дополнителен багаж од (проверете со агенцијата пред патувањето за евентуална промена од страна на авиокомпанијата)
  • Факултативни излети
  • Туристичка такса- се плаќа во агенција –  15 еур по лице
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Останати по програма не наведени услуги
Share This