Хотел “Moyses” – Лептокарија
Лептокарија е туристичко место на брегот на Егејско Море. Се наоѓа на 80км од Солун, во подножјето на планината Олимп. Плажата е долга и песочна, кадешто има преубаво шеталиште. Шеталиштето, чистото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семеен одмор. Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици, како и игралишта, забавни паркови со детски активности, лулашки за најмладите. Цените се многу пониски и поволни во таверните кадешто се нудат грчки специјалитети. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, со што се докажува чистотата и квалитетот на водата.
Поради огромната побарувачка, оваа година за вас го имаме цел хотел на располагање.
Хотел Moyses
Хотел Мoyses се наоѓа на 80м од плажа. Хотелот располага со соби за 2, 3 и 4. Во секоја од собите име единечни кревети.
Сите соби се на 1 и 2 спрат и имаат своја тераса кадешто има маса и столчиња, рингли во кујната за подготовка на храна и прибор за онолку лица колку што ќе престојуваат.
Климата се доплаќа 7 евра од ден.
Базенот не е во употреба!
10% попуст за резервација до 30.04.2026 и целосна доплата до 31.05.2026
Важат Општите услови за патување на Мај Травел и СКТМ
Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови за патување
