Хотел Olympic Kosma 3* – Ханиоти/ 125 евра

29-ти Мај 2026 во Хотел Olympic Kosma 3* – Ханиоти 

Редовна цена: 159е
Промо цена: 125е

 

Хотел Олимпик Косма е идеално лоциран во центарот на Ханиоти. Местото е познато по прекрасни плажи, таверни, кафулиња, барови и продавници. Хотелот нуди бар покрај базен. Се наоѓа на 2 минути пешање од плажа и 500м од центарот на Ханиоти.

Во хотелот „Олимпик Космас“ – Ханиоти, сите сместувачки единици нудат сместување за 2 лица, вклучуваат гардеробер и телевизор со рамен екран. Секоја сопствена бања е опремена со туш, бесплатни тоалетни производи и фен. Секоја соба има тераса. Појадокот се служи на база шведска маса.

Што е вклучено во цената

2 ноќевања  со појадок

Бесплатно користење на базен

Автобуски превоз

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Туристичка такса (се плаќа на рецепција)

Индивидуални трошоци

План и програма

ПРВ ДЕН (29.05.2026) Петок

Состанок на групата 06:45 кај хотел Русија. Поаѓање од Скопје во 07:00. Се упатуваме кон Грција, со попатни паузи за царински формалности. Пристигнување во хотел, кој се наоѓа во Ханиоти, едно од најпознатите летувалишта на првиот крак, Касандра. Сместување. Слободно време.

ВТОР ДЕН (30.05.2026) Сабота

По појадокот, слободно време за индивидуалнни активности. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (31.05.2026) Недела

По појадокот, одјавување од собите. Слободно време и во договорено време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Важно

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 45 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Доплата за сингл соба 50 евра

Доплата за деца од 2,99 до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица 95 евра

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

Првите 4 седишта се резервирани за персоналот во автобусот (возачи и водичи)

Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Мај  Травел и СКТМ

 

Share This