КРАЈОВА -Романија
БОЖИЌЕН МАРКЕТ СО ПОСЕТА НА ВИДИН И НИШ
Крајова, Романија, е на подиумот на најдобрите божиќни пазари во Европа.
ЦЕНА: 109 ЕВРА / 6760 мкд
ЦЕНА за деца до 11,99 години: 99 евра / 6140 мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-1 ноќевање со појадок во Видин
-Автонуски превоз
-Посета на Крајова
-Посета на Видин
-Посета на Ниш
-Придружник од агенција за време на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Здравствено осигурување
-Влезници за туристички места
-Лични трошоци
-Доплата за еднокреветна соба
Пристигнување во Видин, град со богата историја и дух, сместен на брегот на Дунав. Посета на тврдината „Баба Вида“, која датира од 10 век, единствената целосно зачувана средновековна тврдина во Бугарија.
Сместување во Хотелот во Видин, краток одмор и заминување за Крајова.
Крајова, жив и шарен град, шести по големина во Романија. Прошетка низ паркот „Николае Романеску“, вистински зелен бисер со историја долга повеќе од еден век. Ќе бидете импресионирани од романтичниот замок, висечкиот мост, езерото и живописните улички што го прават местото особено привлечно. Можност за посета на трговскиот центар Електропутере (околу 2 часа) за љубителите на шопинг. Следува кулминација, посета на Божиќниот пазар во Крајова, сместен на централниот плоштад „Михај Витјазул“. Посетителите ги очекуваат раскошни светлечки декорации, разни штандови, празнична програма и магична атмосфера.
Слободно време за прошетка и потопување во духот на Божиќ. Враќање во Видин.
Ноќевање.
ВТОР ДЕН 29.11.2026 (ЧЕТВРТОК)
Појадок. Одјавување од хотелот. Слободно време прошетка низ прекрасната градина на Дунав или можност за посета на интересни места како што се Крстовите касарни, Турскиот конак-денешен Регионален историски музеј, или катедралата „Свети Димитар“, третата највисока црква во Бугарија. Во пладневните часови заминување кон Македонија со попатна пауза во Ниш.
Ниш, еден од најинтересните градови во Србија, познат по својата богата историја, жив центар и пријатна атмосфера. За време на прошетката ќе имате можност да уживате во централниот плоштад „Крал Милан“, пешачка улица „Обреновиќ“, тврдината Ниш и живописните паркови покрај реката Нишава. Слободно време за прошетка, кафе..Во вечерните часови групата се упатува кон Македонија. Пристигнување во Македонија околу полноќ.
НАПОМЕНА:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
– За ова патување важат општите услови за патување на Т.А Мај Травел
