Вилата „Mersinis“ во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија има се` што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство…Вилата е комплетно изолирана од градската врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот „Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената „Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата „Mersinis“ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.
Вилата„Mersinis“има шест пространи апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Апартман бр.1
Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две соби. Во првата соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на истата тераса која ги опфаќа двете соби. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр.2
Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+3 апартман). Апартманот има две соби. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на голема тераса опремена со маса и столчиња која има поглед на задниот дел во дворот на вилата. Во втората соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр.3
Четирикреветен апартман на прв спрат (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две соби. Во првата соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на истата тераса која ги опфаќа двете соби. Купатилото е со нормална големи
Апартман бр.5
Четирикреветен апартман на втор спрат (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две соби. Во првата соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на истата тераса која ги опфаќа двете соби. Купатилото е со нормална големина.
Апартман бр.6
Четирикреветен апартман на втор спрат (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+3 апартман). Апартманот има две соби. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест годиини, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на голема тераса опремена со маса и столчиња која има поглед на задниот дел во дворот на вилата. Во втората соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата. Купатилото е со нормална големина.