Вила Moka Studios Закинтос 2025

ЗАКИНТОС 

ЛЕТО ЗА МЛАДИ 2025

Забавата започнува оној момент кога ќе пристигнеш на островот, а завршува кога ќе си заминеш од него.

Закинтос или Занте, како што се уште го викаат мештаните, е трет по големина од Јонските острови. Овој остров го карактеризираат прекрасните плажи со златни песоци и посебните видови на желки – „Карета“ кои на овој остров ги несат јајцата и се една од причините што овој остров е прогласен за национален крајбрежен парк. Од друга страна, архитектурата на самиот Закинтос е доста уникатна и на секој чекор се чувствува влијание на многубројните освојувачи кои владееле со овој простор. Место кое и оваа година ќе биде наша централна дестинација е Лаганас, град сместен на 9 км долгата плажа, во најтоплиот залив во цела Грција. Голем број врвни дискотеки и клубови, одлични ресторани со специјалитети од сите делови на светот, но и незаборавните излети со гарантирано незаборавни доживувања. Вистински избор за младите и оние кои така се чувствуваат. Забавата може да започне!!!

Инфо за сместувањето:

Мока студиос, се наоѓаат во Лаганас, на само 90 метри (2 мин) од плажа и 10 мин од главната улица каде што се наоѓаат сите дискотеки. Вилата располага со двокреветни и трокреветни соби. Секоја соба е опремена со фрижидерче, клима, туш, тоалет, а во склоп на вилата се наоѓа и базен, кој е на располагање за користење на нашите гости.


Термин
Услуга
MOKA STUDIOS
Соба 1/2 1/3 1/4
16.07 – 24.07 Ноќевање + превоз 319 289 289
23.07 – 31.07 Ноќевање + превоз 329 299 299
30.07 – 07.08 Ноќевање + превоз 299 279 279
06.08 – 14.08 Ноќевање + превоз 279 249 249
13.08 – 21.08 Ноќевање + превоз 229 199 199
20.08 – 28.08 Ноќевање + превоз 199 169 169

Itinerary

 1 ДЕН – СКОПЈЕ – ЗАКИНТОС

Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во градот Килини и премин со фериброд до главниот град Закинтос, од каде што следува кратко возење до нашата крајна дестинација, до фасцинантниот – Лаганас! Сместување на групата и запознавање со местото…

2 – 9. ДЕН – ЛАГАНАС

Закинтос, преубав остров на Јонското Море, веќе години наназад го спојува неспојливото – пријатен одмор од една страна, но и прекрасни доживувања и незаборавни забави од друга страна. Исклучително пријатната клима, плажите од соништата, кристалното чисто море, националната грчка кујна… го ветуваат летувањето за сите времиња!!! Секако големиот број на клубови со млади луѓе од целиот свет, луцидни ДЈ – и, тематските забави во наша организација, гарантираат забава до раните утрински часови. За овие десет дена на островот доживејте несекојдневни забави и создадете си незаборавни спомени за цел живот!

10 ДЕН – ЛАГАНАС – СКОПЈЕ

По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Килини, а потоа следува ноќно возење.

Included/Excluded

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 7 ноќевања во избраната вила во Лаганас
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)
  • Доплата за траект – 35€ (повратен билет)
  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса – 0,5€ по ноќ
  • Доплата за клима – 10€ по ден

 

Share This