КАПРИ – СОРЕНТО – АМАЛФИ- САЛЕРНО- ПОСИТАНО – АЛБЕРОБЕЛО

ПРОГРАМА

07.10.2024 Поаѓање на групата во 15 ч се патува преку Грција, на Игуменица за Бари-Италија. Поаѓање во 23 ч со брод од Игуменица за Бари (Италија).

08.10.2024 Пристигнување во Бари во утринските часови и посета на црквата Св. Никола каде се наоѓаат моштите на православниот светец. Патот продолжува за Салерно, сместување во хотел Кристало со 3* во Паестум, на 40 км од Салерно. Попладнето факултативен излет до древниот град Салерно, бисер на Тиренско море, познат по средно- вековни улички, паркови, древни аквадукти и песочните плажи.. Во Салерно може да се видат: Вердиевиот театар во кој Енрико Карузо ги доживеал своите први успеси, катедралата св.Матеј од 14век, средновековниот аквадукт, Лунгомаре-шеталиштето, трговската улица со дуќани, кафичи, сувенирници, прекрасни палати… Вечерта враќање в хотел. Ноќевање.

09.10.24 Појадок. Факултативен излет до еден од бисерите на Италија-Капри, кој со својата убавина секој туриста го остава без здив. Од Салерно со брод се оди до Капри-кој е уникатен спој на природна убавина, стара архитектура и гламур. Се слегува на пристаништето Марина Гранде, од каде со локален автобус низ тесен кривулест пат се оди најпрво до Ана Капри (“Ана” –значи “над”) koj e сместен над Капри. Ана Капри е многу шармантно туристичко место, со многу ресторанчиња, продавничиња, сувенирници… Потоа со автобус се продолжува до Капри. За убав поглед се оди 10-ина минути пеш по тесен пат до градините на Царот Августин, од каде има незаборавен поглед на Сорентскиот залив. Во Капри може да се видат: Марина Пикола, 3-те стени (симболот на островот), Пјаца Умберта со камбанаријата и саатот… Слободно време за прошетка низ старите улици со продавници со  сувенирници и бутици со брендирана роба… Враќање околу 17.00 ч. од Капри со брод за еден од најпопуларните туристички центри-Соренто, каде можат да се видат: Катедралата од 15 век, романтичниот плоштад Тасо, црквата Сан Антонио, пешачката улица Корсо Италија со продавници од локални специјалитети-производи од лимон… Вечерта околу 22.00 ч. враќање во хотел. Ноќевање

10.10.24 Појадок.. Факултативен излет со брод од Салерно до 2-та бисери на Амалфискиот брег: Амалфи и Поситано, кои со својата убавина секој туриста го оставаат без здив. Поради благите температури, прекрасните пејсажи, тие се одморалишта уште од времето на Римската империја. Слободно време за прошетка низ старите улици со продавници со  сувенирници и бутици, или капење на прекрасните плажи на островот (во зависност од времето). Тие се атракција на илјадници туристи од целиот свет, па Амалфискиот брег од 1997 год. е ставен под заштита на УНЕСКО. Тесните кривулести улици, шарени куќи од средниот век, многу познати личности од светскиот џет сет купиле имоти во овие идилични места на Сорентинскиот полуостров. Вечерта враќање в хотел. Ноќевање.

11.10.24 Појадок. Поаѓање за Алберобело заштитено од УНЕСКО-необично градче, како од бајките, од цртаните филмови “Штрумфови”, куќи изградени од варовник-без малтер, т.н. Трули. Продолжување за Бари. Можност за посета на трговски шопинг центар. Вечерта поаѓање со брод за Игуменица, ноќна пловидба.

12.10.24 Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови. Се продолжува за  Македонија , пристигнување во Прилеп во пладневните часови.  

ЦЕНА: 16900 ден. за уплати и резервации до 10.09.2024 – 30%
Редовна цена 19900 денари

Во цената е вклучено:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација
  • превоз со брод Игуменица (Драч) – Бари и назад,на “DECK” со бродска такса
  • сместување во хотел CRISTALLO 3* hotelcristallopaestum.it – 3 ноќевања со појадок
  • црквата св.Никола во Бари
  • организација и придружник на екскурзијата

Во цената не е вклучено:  

  • задолжително здравствено патничко осигурување – без франшиза=300 ден. до 64год., 500ден. 65-79 год.
  • туристичка такса 2 еур по ноќ (плаќање на рецепција)
  • факултативен излет до Салерно = 5 еур
  • факултативен излет со брод од Салерно за Капри, локален минибус од Капри до Ана Капри,брод од Капри до Соренто-негов разглед,и автобус хотел-Салерно-хотел-65еур
  • факултативен излет со автобус до Салерно,па брод до Амалфи-Поситано-Салерно=40еур
  • посета на Алберобело (автобус+чек поинт+паркинг)-5 еур (задолжителна доплата во автобус)
  • влезници за културно-историските знаменитости
  • доплата за кабина Игуменица-Бари-Игуменица: 30 еур по лице во 1/4 кабина, 40еур во 1/3 и 55еур во 1/2 кабина во 1 правец (резервација и плаќање во агенција)

Напомена: Краен рок на пријавување  до 20.09.2024 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

                       

Споделете: