ОПИС:
Новиот термален Спа Ресорт Медите е целосно обновен и реновиран во 2018 г. и ви нуди светли и пријатни простории, исполнувајќи ги сите можни желби за луксузен и постмодерен класичен комплекс. Се наоѓа во една од најубавите локации со панорамски поглед на запад на целиот град Медите Спа Ресорт е прв и единствен дизајниран хотел во Сандански, проектиран од италијанскиот дизајнер Раимондо Флакомио во 2004 година и редизајниран од Дрен Руди во 2018 година. Комплексот располага со 86 хотелски соби и апартмани, 8 самостојни вили, конференциска и сала со капацитет до 200 лица, просторен спа и велнес центар, фитнес сала, затворен и отворен базен, инфинити базен, гурманските и традиционални ресторани, лоби бар. Сето ова го прави Сандански најпосакувана дестинација за елитен начин на живот, како и за организирање на настани со меѓународно учество. Спа Ресорт Медите е изграден на антички тракиски минерални бањи. Познатиот Тракиец Спартак е од племето Меди, кое го населува регионот Сандански.
Медите Спа Ресорт прогласен како најдобар спа ресорт на Балканот за 2018 од Балканскиот сојуз на угостителски здруженија-BAHA.
ЦЕНОВНИК:
Цените се по СОБА на ДЕН за период 01.01- 31.12.2024
Цените не важат за Национални, верски и официјални празници
услуга | лица | балкун | HB | HB |
сместување | недела-четврток | петок и сабота | ||
Де лукс | 2 | 164 | 184 | |
Де лукс | 1 | 120 | 141 | |
Де лукс | 2 | да | 171 | 192 |
Де лукс | 1 | да | 128 | 151 |
Премиум | 2+1 | 176 | 199 | |
Премиум | 1 | 133 | 156 | |
Премиум | 2+1 | да | 187 | 207 |
Премиум | 1 | да | 141 | 161 |
Јуниор суит | 2+2 | 228 | 251 | |
Апартман де лукс | 4+2 | 320 | 353 | |
Вила 1 со 1 спална | 2+1 | 304 | 345 | |
Вила 2 со 2 спални | 4+1 | 455 | 501 | |
Вила 3 со 3 спални | 6+1 | 608 | 665 |
Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
Легенда: Возрасен adl, дете chd, ноќевање со појадок BB, полупансион HB
Цените се по соба по ноќевање и вклучуваат:
-ноќевање со појадок или појадок и вечера,
-надворешен и внатрешен базен со минерален базен,
-надворешно џакузи
-сауна,
-парна бања,
-јодна соба,
-соба за релаксација,
-фитнес,
-паркинг,
-детско игралиште,
-сеф,
-туристичка такса,
-ДДВ
Доплата за трет возрасен на дополнително легло: 45€ HB
Политика за деца:
-Деца до 11,99 г. се сместуваат бесплатно со 2 возрасни лица.
-1 возрасен + 1 дете до 11,99 год. на обичен кревет се доплаќа како еднокреветна соба
Прием на собата по 14:00 часот;
Напуштање на собата до 12:00 часот
Доцна одјавување помеѓу 12:00 и 17:30 ч се доплаќа 50% од цената за ноќевање
Доцна одјавување после 17:30 ч се доплаќа 100% од цената за ноќевање. .
Цените не важат за Национални, верски и официјални празници.
Пакети
Корпоративни настани, семинари, конгреси, обуки, работилници
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Капацитет на сместување:
сместување | минимум | максимум |
Де лукс | 1 | 2 возрасни |
Премиум | 1 | 2 возрасни + 1 дете или 3 возрасни |
Јуниор апартман | 1 | 2 возрасни + 1 дете или 3 возрасни |
Апартман де лукс- со 2 спални соби | 1 | 4 возрасни + 1 дете или 5 возрасни |
Вила 1 – со 1 спална соба | 1 | 2 возрасни + 1 дете |
Вила 2 – со 2 спални соби | 1 | 4 возрасни + 1 дете |
Вила 3 – со 3 спални соби | 1 | 6 возрасни + 1 дете |
РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански
Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера, бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
Мелник – “градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиот манастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само 15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.
Отказ на резервации:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.