Нов бутик хотел со модерен СПА центар во Сандански – еден од најсончевите и најтопли градови во Бугарија, познат по лековитите минерални извори, свежиот воздух и прекрасното време во текот на целата година. Лоциран во најновиот дел од градот, хотелот нуди луксузно и удобно сместување за целосна хармонија.
Хотелскиот дел нуди 13 двокреветни делукс соби, 6 супериорни студија и 1 луксузен апартман.
Во комбинација со природните богатства и пријатната атмосфера, гостите се добредојдени во модерниот спа центар. Базенот со дименззи 20 х 8 метри има лековита минерална вода. Има простор за хидромасажа, детски базен, финска сауна, парна бања, солена соба и сауна со билки.Понудените спа третмани позитивно влијаат на имунолошкиот и нервниот систем, дишењето и циркулацијата на крвта, ги отстранува токсините од телото, стресот, напнатоста и заморот, го обновува телото по болести и има релаксирачки и освежувачки ефект.
Во Aquason Hotel & Spa ќе постигнете совршена рамнотежа помеѓу телото и духот и ќе комбинирате пријатен одмор со грижа за вашата убавина и тело.
ЦЕНА ПО СОБА НА ДЕН НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК
сместување | м2 | капацитет во соба | цена |
Економи двокреветна соба без балкон и без поглед | 15 | 2 | 61,50 |
Економи еднокреветна соба без балкон и без поглед | 15 | 1 | 49,20 |
1 возрасен+1 дете /4-11,99г/ | 15 | 1+1 | 56,40 |
Двокреветна делукс-без балкон | 15 | 2 | 66,70 |
Еднокреветна | 15 | 1 | 53,40 |
1 возрасен+1 дете /4-11,99г/ | 15 | 1+1 | 60,50 |
Двокреветна делукс-со балкон | 15 | 2 | 76,90 |
Еднокреветна | 15 | 1 | 61,60 |
1 возрасен+1 дете /4-11,99г/ | 15 | 1+1 | 69,30 |
Студио супериор без балкон 2+0 / 2+1 / 2+2 / 3+1 | 40 | 2+2 / 3+1 | 95,00 |
Студио супериор со балкон 2+0 / 2+1 / 2+2 / 3+1 | 40 | 2+2 / 3+1 | 102,00 |
Апартман делукс 4+0 / 4+1 / 4+2 / 5+0 / | 65 | 5+0 / 4+2 | 154,00 |
Цените се во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Сите горенаведени цени важат за сместување во периодот до 22.12.2023 и 02.01.2024 до 22.12.2024 година, со исклучок на државните празници.
За викенд сместување минимум престој 2 ноќевања – (петок – сабота)
Цени на ДЕН за Соба и вклучуваат:
Ноќевање појадок
Користење:
Базен 20х8 м. со топла минерална вода (30°С), со дел за хидромасажа
Детски базен
Финска дрвена сауна
Парна бања
Солена соба
Билкова сауна
Паркинг
Туристичка такса
Во цената НЕ Е вклучено:
Патничко осигурување
Превоз
Масажа
Неспомнати услуги
Информации:
Прием на собата по 14:00 часот
Напуштање на собата до 12:00 часот
Рецепцијата работи од 08:00-20:00 а на гостите им се дава чип карта за влез и излез
Ресторанот не работи за време на ручек
ДЕЛНИЧНИ ПАКЕТИ СО ПОЈАДОК
ТИП НА СОБА | ПАКЕТ 2 НП | ПАКЕТ 3 НП | ПАКЕТ 4 НП | ПАКЕТ 5 НП |
Двокреветна делукс соба без балкон | 123€ | 184€ | 245€ | 307€ |
Еднокреветна соба | 97€ | 146€ | 194€ | 243€ |
1возрасен+1дете(4-11.99г) | 112€ | 169€ | 225€ | 281€ |
Двокреветна делукс соба со балкон | 143€ | 215€ | 286€ | 358€ |
Еднокреветна соба | 112€ | 169€ | 225€ | 281€ |
1возрасен+1дете(4-11.99г) | 128€ | 192€ | 256€ | 320€ |
Двокреветна соба без балкон и поглед | 112€ | 169€ | 225€ | 281€ |
Еднокреветна соба | 90€ | 135€ | 180€ | 225€ |
1возрасен+1дете(4-11.99г) | 102€ | 153€ | 205€ | 256€ |
Студио супериор без балкон 2+0 | 164€ | 245€ | 327€ | 409€ |
Студио супериор со балкон2+0 | 179€ | 268€ | 358€ | 447€ |
Апартман делукс4+0 | 286€ | 429€ | 573€ | 716€ |
Понудата важи за сместување во работните денови недела-четврток во периодот 16.01-22.12.2023 година,
со исклучок на периодот на пролетниот училишен распуст 08-17.04.2023 година.
Цената вклучува:
- Појадок
- Користење на внатрешен базен со минерална вода.
- Хидромасажен простор со тангенти
- Детски базен, џакузи, сауна од фински кедрово дрво, парна соба, солена соба, билна сауна.
- Релакс зона, фитнес.
- Безжичен интернет, паркинг, туристичка такса, ддв.
Цената не вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Опис на соби:
Делукс двокреветна соба без балкон – прв, трет и четврти кат, приближно 15 м2, тип кревет
king size кревет, кабловска телевизија, клима уред, бања со туш кабина, безжичен интернет,
фрижидер. Можно сместување – 2+0, 1+0, 1+1.
Делукс двокреветна соба со балкон – прв кат, приближно 15 м2, king size кревет, балкон,
поглед на град, кабловска телевизија, клима уред, бања со туш, безжичен интернет,
фрижидер. Можно сместување – 2+0, 1+0, 1+1.
Промо двокреветна соба без балкон и без поглед – втор кат, околу 15 м2, king size кревет
кревет, поглед на двор, кабловска, клима, купатило со туш, безжичен
интернет, фрижидер. Можно сместување – 2+0, 1+0, 1+1.
Студио супериор без балкон – приближно 40-45 м2, заедничка просторија составена од спална соба со
king size кревет и софа кревет, кабловска телевизија, клима уред, бања со туш кабина,
безжичен интернет, фрижидер. Можно сместување – 2+0, 2+1, 3+0, 2+2.
Студио супериор со балкон – приближно 40-45 м2, заедничка просторија составена од спална соба со
king size кревет и софа кревет, балкон, кабловска телевизија, клима уред, бања со туш
кабина, безжичен интернет, фрижидер. Можно сместување – 2+0, 2+1, 3+0, 2+2.
Апартман делукс со две спални– приближно 65-70 квадратни метри, кој се состои од две посебни спални соби
(кревети – едниот е од типот спална, другите две се единечни), дневна со софа кревет, кабел
телевизија, клима, тераса, бања со туш, безжичен интернет, фрижидер. Можно
сместување – 4+0, 4+1, 4+2, 5+0.
Сместување и напуштање на собите:
- Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
- Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)
- Поради состојбата со Коронавирус (СОВИД-19), можни се рестрикции ( во зависност од состојбата) на некој делови за заштита на гостите и персоналот. Одредени услуги и удобности можеби нема да се достапни или ке се ограничени.
Приговори и поплаки :
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Разгледи во близина на Сандански
- Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години наХ век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
- Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
- Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.
Услови за агентот и гостинот:
- За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
- Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.
- Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
- Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
- Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
- Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.
- Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
- Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.