MURITE CLUB HOTEL 4* – РАЗЛОГ
Опис:
Хотел Мурите- Разлог. Омилено место на многумина од 2008 година, познато како долината на белата ела. Хотелот на своите гости им нуди одлични можности за релаксација, спорт и туризам, среде неверојатна природа, удобност, мир и тишина.
Волшебната природа на Пирин планина и близината на хотелот до еден од најголемите паркови во Бугарија е прекрасно место во секои дел од годината.
За сите дојденци ќе обезбедиме водич за посета на Бајкушевската елка – најстарото иглолисно дрво во Бугарија, кое преживеало повеќе од 1300 години и е врсник на бугарската држава.
MURITE Park Hotel се состои од 3 тематски згради кои носат прекрасни имиња на егзотични цвеќиња – АЗАЛИЈА, ОРХИДЕ и ЈАСМИН. Хотелот има извонредна архитектура и прекрасен ентериер.
Локација
Помалку од 2 часа со автомобил од Софија и само 10 минути од Банско, сместен во едно од најживописните краишта на Бугарија – Разлошката долина, хотелот MURITE Park ќе ве пречека со совршени услови за рекреација и спорт во секоја сезона за да ви понуди свежина. Во летните горештини и удобност во снежните зимски денови. Уникатниот поглед на Пирин планина, чистиот планински воздух, безбројните кривулести патеки под древните ѕидини, белината на снегот, мирисот на тревата – ова е нашата постојана инспирација.
Разлошката долина е уникатно природно место во Бугарија, сместено помеѓу трите најубави бугарски планини – Рила, Пирин и Родопи. Станува збор за планини во југозападниот дел на земјата со сосема поинаков карактер. Додека Рила и Пирин – две од највисоките и најтешките планини на Балканот со речиси 3000 m надморска височина – имаат чисто алпски изглед, Родопите јужно од нив маѓепсуваат со пријатно заоблени форми и изразено влијание на јужниот ветер од Егеј.
Соби:
ЗГРАДА АЗАЛИА -ЛУКСУЗНА СОБА
Луксузните соби на Хотел Мурите се сместени во главната зграда на комплексот . Гостите на хотелот кои избрале да престојуваат во АЗАЛИА имаат удобен пристап до бањата и рестораните и можат да ги искористат дополнителните услуги како што се услуга во соба и мини бар. Сите соби имаат тоалет, бања со када или туш и се лукзузно опремени, телефон, балкон, телевизор, безжичен интернет, фен.
ЗГРАДА ОРХИДЕА -СТАНДАРД СОБА
Зградата ОРХИДЕА се наоѓа на 30 метри од зградата АЗАЛИА во градината на комплексот МУРИТЕ. Сите соби имаат тоалет, бања со када или туш и се лукзузно опремени, телефон, балкон, телевизор, безжичен интернет, фен.
Пријавување: после 14:00 часот
Одјавување: до 12:00 часот
Доколку собата се ослободи подоцна, ќе се наплаќа дополнителен надомест како што следува:
-доколку собата се ослободи до 18:00 часот се доплаќа, според објавениот ценовник за задоцнето пуштање.
-доколку собата се ослободи после 18:00 часот се доплаќа 100 % од вредноста на ноќта.
-Резервациите се чуваат до 24:00 часот на денот на пристигнување.
Хотелот не прифаќа домашни миленици.
Во Хотел Мурите собите се за непушачи. Според одредбите на националното законодавство, пушењето на јавни места е забрането, па во случај на непочитување на истите, хотелот го задржува правото да наложи, без претходна најава, такса од 50еур.
ХОТЕЛ МУРИТЕ – 15.06-01.12.2024
Вид на сместување | ноќевање на база / All Inclusive | ||
Зграда АЗАЛИА | |||
Двокреветна соба (2+0) | 60€ | ||
Едноспален апартман (2+2) | 66€ | ||
Двоспален апартман (4+2) | 60€ | ||
Зграда ОРХИДЕА | |||
Двокреветна соба (2+0) | 54€ | ||
Едноспален апартман (2+2) | 60€ | ||
Двоспален апартман (4+2) | 54€ | ||
• Дете од 0-5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно | |||
• Прво дете од 06-13.99 год. на дополнително легло – бесплатно | |||
• Второ дете од 06-13.99 год. на дополнително легло – 50% попуст | |||
• Трет возрасен на дополнително легло – 50% попуст | |||
• За сместување во двоспален апартман се наплаќаат 4 полни суми |
Цените се во евра по лице и вклучуваат :
- ноќевање на база ALL INCLUSIVE (појадок, ручек, вечера, ужина, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци до 22 часот)
- Користење на СПА ЦЕНТАР (внатрешен базен, сауна, парна бања, џакузи, фитнес)
- Детски кат, интернет, паркинг
ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ
-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.09.2024
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.10.2024
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11.2024
Бонус: 7=6 за период на престој 01.12-21.12.2024, 19.01-30.01.2025 и 23.02-15.04.2025
**Попустот за рани резервации СЕ комбинира со БОНУСИТЕ !!!
MURITE 4* ПОЛУПАНСИОН | 01.12 – 21.12 04.03 – 15.04 | 22.12 – 28.12 02.01 – 18.01 31.01 – 15.02 | 29.12-01.01.2024 | 19.01-30.01 16.02-03.03 | |
Двокреветна соба АЗАЛИА | 2+0 | 52 € | 62 € | 88 € | 58 € |
Едноспален апартман АЗАЛИА | 2+2 | 64 € | 72 € | 98 € | 70 € |
Двоспален апартман АЗАЛИА | 4+2 | 52 € | 62 € | 88 € | 58 € |
Двокреветна соба ОРХИДЕА | 2+0 | 42 € | 52 € | 76 € | 48 € |
Едноспален апартман ОРХИДЕА | 2+2 | 52 € | 62 € | 88 € | 58 € |
Двоспален апартман ОРХИДЕА | 4+2 | 42 € | 52 € | 76 € | 48 € |
Во цената е вклучено: ноќевање со појадок и вечера по лице на ден, WiFi во лобито, парна бања, базен, сауна, џакузи, фитнес, клуб за деца, транспорт до ски гондолата.
Попусти и доплати:
Дете до 5,99 год. – бесплатно
Прво дете од 6-13,99 год. на дополнително легло – бесплатно
Второ дете од 6-13,99 год. на дополнително легло – 50% попуст
Дете 6-13,99 год. на редовно легло – 50% попуст
Возрасен на дополнително легло – 50% попуст
Доплата за Новогодишна вечера (задолжително) 110€ / возрасен, 65€/ дете ( 6-13,99 г.)
Доплата за ALL INCLUSIVE – 16€, дете 6-13,99год – 8€ (појадок, ручек, ужина, вечера, неограничени пијалоци 10-22 часот)
Минимум престој во период 29.12.-01.01.2025 е 3 ноќевања.
Во цените не е вклучено : патничко осигурување и туристичка тaкса 1€ по лице на ден
Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд