28.12.2024 – 01.01.2025

АНТАЛИЈА – ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ – 5 ДЕНА / 4 НОЌИ


Град со преку 300 сончеви денови во годината, богата историја, модерни зданија и
преубави плажи, Место каде земјата го допира рајот. Анталија е сместена во
истоимениот залив, се состои од два дела: едниот современ со широки булевари,
трговски центри, богат ноќен живот, и стариот дел Kaleici – обновен и претворен во
туристички центар на градот. Стариот град е подигнат покрај старото пристаниште, со
тесни поплочени улици, стари турски куќи, џамии и хамами кои сведочат за старата
архитектура и некогашниот начин на живот. Анталија претставува еден од 5-те
најпосетени градови на светот со над 10 милиони туристи годишно.
Посетете ја и откријте зошто…


MIRACLE RESORT HOTEL 5* LARA – Std SEA SIDE VIEW

599€ 37.138МКД

549 еур 34.038 МКД

ALL INC

За рез. до 31.10.24

Прво дете 2-12.99 год бесплатно во
хотел, плаќа авио билет

Задолжителна Новогодишна вечера 85 еур

Деца 3-12.99 год – 45 еур

Во цената се вклучени следниве услуги
 Повратен Авио билет со вклучен багаж – Директен лет:
Скопје-Анталија со Sun Express: XQ631 28DEC SKP AYT 17:25 21:15; XQ630 01JAN AYT SKP 16:35 16:30
 Вклучени аеродромски такси
 Организиран трансфер: Аеродром-Хотел-Аеродром
 4 ноќевања во Miracle Resort Hotel www.miraclehotel.com на база Се вклучено
 Организација на патувањето


Во цената не се вклучени следниве услуги:
 Задолжителна Новогодишна свечена вечера 85 еур (5.270 мкд)
 Факултативни излети:

  1. Анталија-Градска тура
    Начин да создадете драгоцени спомени и да се забавувате. Посета на најзначајните споменици и
    природни чуда: Адријановата Порта, Саат Кулата, водопади и џамии…
  2. Демре Мира Кекова -04:00 08:00 Враќање 19:00 22:30 Превоз, водич, ручек, Посета на црквата Св. Никола и влез во карпестите гробници, продавница за икони и сувенири , пловење со јахта до островот Кекова и Демре – област со посебна убавина, позната по своите подводни убавини, по моштите на Антички град делумно потопен од земјотрес во вториот век. Населба потопена во море-Ѕирнете надолу низ водата, ќе имате чувство како да се лизгате по потонатите ѕидови и скали.
  3. Памук Кале 03:30 05:30 Враќање 19:30 22:30 Превоз, Водич, Влез за Памук кале Хиераполис, појадок, ручек, продавница за сувенири, за текстил – Дополнително се наплатуваат услуги во Клеопатра базенот (макс. 3 часа) и пијалоци
    Памучен замок – чудо на природата кое го одзема здивот со природни топли ивори кои се зацврстуваат во бели карпести базени со неверојатна убавина. Посета на Античкиот град Хиераполис – видете го добро сочуваниот римски театар и античките термални бањи. Можност за капење во термален базен познат како базен на Клеопатра…
  4. Аквариум – Полудневна екскурзија
    Превоз, бодич, билет за влез – Посетете ја најновата атракција во Анталија, еден од најголемите аквариуми во светот на 3 различни нивоа – најголем подводен тунел во светот. 5 Милиони литри вода во главниот резервоар се дом на многу видови тропски риби и ајкули. Аквариумот нуди и Снежен свет – музеј на мраз.
    Напомена: За реализација на сите факултативни излети потребен е минимум од 10 патници, водичите за сите излети се на Англиски јазик
     Патничко и здравствено одигурување

Важна напомена:
 Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето
 Краен рок за пријавување 15.12.2024, за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
 За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
 За овој аранжман важат општите услови на патување на МајТравел

Споделете: