ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ
Италија – земјанапица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетените земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона
Програма
- 1 ден петок (06.12.2024)
Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Италија во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
- 2 ден сабота (07.12.2024)
Пристигнување во Трст во утринските часови. Следува мал разглед на градот во кој има микс на различни култури поради граничењето со Словенија и поради тоа дека долги години бил дел од Австр-унгарската империја. Добрата клима е причина да се посети овој град. По разгледот на градот, упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia – Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi’s, Marc O’Polo, Nike и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.
- 3 ден недела (08.12.2024)
Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Верона и Милано. По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија.
Слободно време. Потоа, продолжуваме кон Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот
Дуомо–катедрала софасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.
- 4 ден понеделник (09.12.2024)
По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на најпознатиот град на вода: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 10.12.2024 (вторник).
ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА / 8618ден. СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 80 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (се плаќаат во бус)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 ЕВРА / 10478ден.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло или околина
– Автобуски превоз на наведената релација
– Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес
– Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич (30 €)
– Факултативна посета на Верона и Милано со водич (55 €)
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
– Задолжителна такса за влез во Венеција 5 евра по лице, се плаќа на лице место
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Мај Травел