ИСТАНБУЛ во октомври / 330 евра

ИСТАНБУЛ
02.10-05.10/ 23.10-26.10.2026
( петок – понеделник )

од 330€ ( 20 460 ден) 

4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
Истанбул- Сместен помеѓу Европа и Азија, Истанбул е град каде минатото и сегашноста
беспрекорно се испреплетуваат. Со својата богата историја, жива култура и импресивна
архитектура, Истанбул нуди незаборавно искуство за секој патник. Некогаш главен град на три
големи империи – Римската, Византиската и Отоманската – Истанбул денес е жив музеј.
Восхитувајте се на исконските знаменитости како Света Софија, величествената Сина џамија и
раскошниот Топкапи дворец. Прошетајте низ античките сали и замислете ги империите што
некогаш владееле со светот од овој волшебен град.

Програма

1 ден

Состанок на групата на аеродромот во Скопје мин. 2 часа пред летот. Директен лет за Истанбул во 11:15  часот. Пристигнување во Истанбул во 13:40 часот.Органииран трансфер со автобус и посета на Таксим Плоштадот, Истиклал улицата и Галата Кулата. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден

Појадок. Организиран разглед на Истанбул со посета на Долма Бахче Палата, престој 1 час (влезницата се плаќа). Разгледот продолжува со преминување на азиската страна на Истанбул и посета на плоштадот Ускудар, Моминската Кула, населбата Кузгунџук, позната по колоритните куќи од турските серии и ридот Чамлиџа. Враќање во хотел. Вечерта, ноќно крстарење по Босфор, со вечера, неограничени пијалоци и традиционални и модерни турски претстави (влез 45 € – престој 3 часа). Враќање и сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден

Појадок. Поаѓање кон Еминону – бродската станица за крстарење по Босфор. Двочасовно крстарење со брод кон Црното Море, со поглед на крајбрежјето на Истанбул, Европа и Азија од бродот (влез 15 € – престој 2 часа). Поаѓање кон палатата Топкапи – зимскиот дворец на султанот (престој 2 часа). Посета на Сината џамија Султан Ахмет (влез слободен, престој 30 минути).Поаѓање кон Света Софија (влезницата се плаќа) и обиколка на Хиподромот, некогашен спортски и општествен центар на Византиската империја, денес плоштад Султанахмет. Турата продолжува со организиран превоз со ридот Пиер Лоти и населбата Балат, а завршува со посета на познатата Капали Чаршија. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден

Појадок. Посета на Аквариумот (влез 30 € – престој 2 часа). Посета на трговски центар со слободно време за шопинг. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 18:35 часот. Слетување во Скопје во 19:05 часот.

 

    • Вклучено

      • Авионска карта на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Пегасус
      • Аеродромски такси
      • Рачен бесплатен багаж 3kg
      • 3 ноќевања со појадок во хотел Comfort Life Istanbul или сличен
      • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
      • Организирани трансфер според програмата
      • Организација на патувањето и претставник на Агенцијата за целиот престој

       

    • Не е вклучено

      • Сѐ што не е наведено во програмата
      • Влезница за во објектите и културно-историски споменици
      • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
      • Патничко осигурување
      • Такса за престој во Истанбул  2.5 евра по лице по ноќевање

       

    • Факултативни Излети

      • Крстарење со брод по Босфор 1,5 – 2 часа за разгледување на Европа и Азија 15€.
      • Крстарење со претстава и вечера 45€, вклучува: превоз од хотелот во двата правци, претстава со танчери и диџеј, специјална вечера, неограничени безалкохолни пијалоци. Трае 3 часа.
      • Посета на аквариумот 30 €

       

    • Напомена

      • Цената на аранжманот е променлива – во зависност од расположливост на места.
      • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или  други настанати околности.

       

Општи услови и информации

 Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
 За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 180 дена од денот на патувањето
 Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
 За резервација задолжителна уплата од 100%
 За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
 Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувања во
горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците

Share This