Барселона
Барселона, Монтсерат
Датум на поаѓање – 2 May
02.05.2026 – 05.05.2026
БАРСЕЛОНА – главниот град на Каталонија и едно од најпопуларните туристички места во Шпанија. Сместена на брегот на Средоземното Море, Барселона се гордее со богата историја, прекрасна архитектура и културен живот кој трае преку целата година. Клучните точки кои ја прават Барселона посебна се следниве: La Sagrada Familia – најпознатиот симбол на градот, дизајниран од славниот архитект Антонио Гауди. Park Güell, со својата уникатна архитектура и колоритни мозаици, е уште едно дело на Гауди, парк кој е сместен на височинка над Барселона од каде се пружа панорамски поглед на градот и морето. Познатата улица La Rambla и Готскиот кварт се историското срце на градот. Не смее да се заборави ни Музејот на Пикасо. Посета на Camp Nou го препорачуваме за љубителите на фудбалот. Барселона е град кој го спојува модерното со традиционалното, град кој нуди забава, уживање на плажа, а шопингот и ноќниот живот се оние две алки кои ја прават Барселона незаборавна.
-
Факултативни Излети
- Карта за влез во Паркот Гуел – 18 €. * Резервирање при купување на аранжманот
- Влезница за стадионот Камп Ноу е на барање и цената зависи од денот на кој би сакале да го посетите стадионот. Картите за стадионот се купуваат секогаш на шалтерот со асистенција од водич.
*НАПОМЕНА: СТАДИОНОТ Е ПОД РЕКОНСТРУКЦИЈА
- 1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај, програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
- 2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- 3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
-
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред времето на летот. Директен лет до Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 17:20ч.
Пристигнување во 20:10ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Прошетка по булеварот Passeig de Gràcia, каде се наоѓаат најпознатите светски брендови, како и бројни вили со автентична архитектура, меѓу кои Casa Milà, Majestic Hotel, Casa Batlló, Casa Amatller и Casa Lleó Morera. Продолжуваме кон градскиот плоштад Plaça Catalunya, каде се наоѓа статуата на Francesc Macià.
Прошетката продолжува низ Готскиот кварт на Барселона, со посета на Палатата на каталонската музика – ремек-дело на архитектот Lluís Domènech i Montaner. Разгледот завршува на плоштадот Plaça de la Seu, кај Катедралата на Света Еулалија. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Посета на Parc Güell, проектиран од архитектот Antoni Gaudí, и на базиликата Sagrada Família, симбол на градот. Потоа следува разглед на кулата Torre Glòries (поранешна кула Агбар) и на паркот Parc de la Ciutadella, каде се наоѓаат Castell dels Tres Dragons (Дворецот на трите змеја) и споменикот Cascada Monumental, како и Триумфалната капија во непосредна близина. Попладне, посета на плоштадот Plaça d’Espanya и ридот Montjuïc, каде се наоѓаат Олимпискиот стадион, Олимпискиот плоштад и Националниот музеј на уметност на Каталонија (MNAC). Разгледот продолжува до пристаништето со статуата на Кристофер Колумбо (Mirador de Colom), како и прошетка по познатата улица La Rambla, со посета на Palau Güell, дело на Antoni Gaudí, и прекрасниот Кралски плоштад Plaça Reial. Следува посета на марината Port Olímpic со двете највисоки кули Hotel Arts и Torre Mapfre, а потоа и посета на фудбалскиот стадион Camp Nou и музејот на стадионот (во зависност од достапноста). Ноќевање.
4 ден
Појадок. Слободен ден во Барселона за индивидуални активности. Поаѓање од Барселона во дополнително договорено време со авиокомпанијата WIZZ AIR во 20:55ч. Пристигнување во Скопје во 23:40ч.
-
Вклучено
- Авио билет на релација Скопје-Барселона-Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3*.
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
- Претставник на македонски јазик
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Барселона
-
Не е вклучено
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Факултативни излети
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
