Барселона 10.10.26 /3 ноќи – Пополнето

БАРСЕЛОНА, ШПАНИЈА

Продолжен викенд во Барселона

10.10 – 13.10.2026     ✈  Авион     •  Групна тура

629 € по лице

Доколку барате идеална дестинација за есенско бегство, Барселона во октомври е вистинскиот избор. Со пријатни температури, сончеви денови и значително помалку гужви отколку во летната сезона, овој медитерански град нуди совршен баланс помеѓу релаксација, култура и забава.

Прошетајте низ живописниот Готски кварт, восхитувајте се на уникатната архитектура на Гауди, посетете ја величествената Саграда Фамилија и уживајте во прошетка по Ла Рамбла. Октомври е идеален и за уживање во локалната гастрономија, шопинг и кафе на сонце покрај морето, без летните горештини.

Без разлика дали патувате со партнерот, семејството или пријателите, Барселона ќе ве освои со својата енергија, богата историја и медитерански шарм. Искористете ја можноста за незаборавен city break и доживејте го градот во неговото најпријатно есенско издание.

Датум: 10.10-13.10.2026
Цена:
  • 629€ по лице
  • 80€ за деца до 02 години
Во цената е вклучено:
  • Авионски билет на релација Скопје – Барселона – Скопје
  • Аеродромска такса
  • 3 ноќевања со појадок во одличниот хотел Arya 3*
  • Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса за хотелското сместување (се плаќа на рецепција)
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Локален транспорт: метро или автобуски билети

     

    Во цената е вклучено

    ✓  Авионски билет на релација Скопје – Барселона – Скопје

    ✓  Аеродромска такса

    ✓  3 ноќевања со појадок во хотел Arya 3*

    ✓  Трансфер од аеродром – хотел – аеродром

    Во цената не е вклучено

    ✗  Туристичка такса за хотелското сместување (се плаќа на рецепција)

    ✗  Факултативни излети

    ✗  Патничко осигурување

    ✗  Локален транспорт: метро или автобуски билети

    Програма

    10.10.2026

    • Поаѓање и лет Скопје – Барселона (18:00 – 20:50).
    • Организиран трансфер до хотелот и сместување.
    • Слободно време за вечерна прошетка.

    11.10.2026

    • Појадок.
    • Панорамски разглед на Барселона со локален водич: Саграда Фамилија, Passeig de Gràcia, Plaça de Catalunya, Ла Рамбла, Катедралата и Монжуик.
    • Можност за факултативна посета на Аквариумот.

    12.10.2026

    • Појадок.
    • Слободен ден или факултативна пешачка тура низ Готскиот кварт: Santa Maria del Mar, Кралскиот плоштад, Plaça Reial и Mercat de la Boqueria.
    • Продолжување кон Park Güell.

    13.10.2026

    • Појадок и одјавување.
    • Можност за факултативна пешачка тура: Camp Nou, Триумфалната порта, Парк Циутадела и плажата Барселонета.
    • Организиран трансфер до аеродромот. Лет Барселона – Скопје (21:40 – 00:25).

    Факултативни излети

    Барселона Панорамика   65 € (деца до 12: 35 €)

    Целодневен разглед со автобус и пешачка тура: Монжуик, Poble Espanyol, Магичните фонтани, Пасео де Грасија, Саграда Фамилија и Порт Вел, со факултативна посета на аквариумот.

    Аквариум Барселона   35 € (деца 2–10: 30 €)

    Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот – 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови.

    Готска Четврт   35 € (деца 2–12: 20 €)

    Прошетка низ најстариот дел на Барселона – Готската катедрала, Плоштадот Рејал и остатоците од римскиот град Барцино.

    Посета на Парк Гуел   23 €

    Прошетка низ едно од највпечатливите ремек-дела на Антони Гауди, со шарени мозаици и панорамски погледи кон градот.

    Пешачка тура низ Барселона   15 €

    Camp Nou – Arc de Triomf – Parc de la Ciutadella – La Barceloneta.

    Дополнителни информации

    • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
    • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од расположливоста.
    • Пасошот мора да важи најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
    • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
    • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
    • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
    • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
    • Организаторот може да ги понуди слободните места по специјални „ultra first“ или „last minute“ цени.
    • Патниците кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на поврат при разлика во цена.

     

    Share This