Брисел, Бриж, Амстердам, Хаг, Ротердам, Ајндховен
€449.00
-
Локација
Брисел – важи како главен град на Европа, вистински мултикултурен град, кој плени со својата архитектура, цветните плоштади со бројните кафетерии, прекрасните паркови и готските катедрали.
Познат е по Атомиумот, вкусната кујна, белгиското чоколадо, по немирниот дух на своите жители, бучните улици и големите трговски центри.
Амстердам – градот на слободата и забавата, град на уметноста и сликарството. Амстердам важи за еден од најубавите градови во Европа и ретко кој не сака да го посети, па дури и да живее таму.
Познат е по каналите низ градот, по грижата на жителите за околината и природата и по прекрасните места за прошетка.
-
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:35 ч. Полетување за Брисел во 05:35 ч., Слетување во 08:25 ч.
Организиран трансфер со автобус и разглед на градот: Атомиум – иконскиот споменик на Брисел, изграден за Светската изложба во 1958 г.; Royal Greenhouses of Laeken, Cinquantenaire Park, возење низ европскиот кварт со краток стоп кај Триумфалната порта и паркот, Европскиот парламент, Европската комисија, Кралската палата и плоштад Ројал.
Потоа следува Mont des Arts, панорамска градина и разглед на Стариот град: Grand Place, Градското собрание и куќите на еснафите, посета на скулптурата Manneken Pis, како и Galeries Royales Saint-Hubert – покриена луксузна трговска галерија, вистинска атракција за љубителите на архитектурата.
Факултативно: влез во Атомиум. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Бриж. Целодневно разгледување: паркот и езерото Миневатер, кратка прошетка низ Begijnhof (Beguinage), градските бедеми и средновековните порти Kruispoort и Gentpoort, посета на старата ветерница, потоа Grote Markt со кулата Belfry of Bruges, како и Burg Square со Општинската палата и базиликата на Светата крв.
Факултативно: искачување на кулата Belfry или возење со бродче низ каналите. Сместување во хотел во близина на холандско-германската граница. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Организирано поаѓање кон Амстердам и панорамски разглед: Dam Square, Кралската палата, Nieuwe Kerk и Националниот споменик.
Потоа минување покрај мостот Magere Brug (Skinny Bridge) и реката Амстел. Разгледот продолжува со посета однадвор на Rijksmuseum, Van Gogh Museum и Concertgebouw.
Пешачка тура низ населбата Jordaan, позната по шармантните канали, традиционалната архитектура, бутиците и локалните кафетерии. Факултативно: прошетка со бродче низ каналите или искачување на панорамскиот видиковец A’DAM Lookout.
Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање кон Хаг и панорамски разглед: Peace Palace, Binnenhof (Парламентот) и Noordeinde Palace (Кралската палата).
Потоа продолжување кон Ротердам, со можност да се видат мостот Еразмо, Markthal и познатите куќи-коцки. Трансфер до Ајндховен. Полетување во 15:50 ч., слетување во Скопје во 18:25 ч.
-
Вклучено
- Авионска карта на релација Скопје – Брисел – Ајндховен – Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
- Организација на патувањето и претставник на Агенцијата за целиот престој
- Туристичка такса
-
Не е вклучено
- Сѐ што не е наведено во програмата
- Влезница за во објектите и културно-историски споменици
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Oпшти Услови
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
- Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на MAJ Травел
