Будимпешта Виена Прага Дрезден – 219 еур

БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПРАГА – ДРЕЗДЕН

ПРОГРАМА 

1 ден 03.12: ПРИЛЕП –  КАВАДАРЦИ – НЕГОТИНО – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ –  БУДИМПЕШТА

Поаѓање кон Будимпешта во 16ч. од паркингот на х.Липа. Ноќно возење.

 

2 ден 04.12: БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта. Разглед на градот со локален водич како: Споменик на Милениумот, Парламентот, Градскиот парк, Операта, Улиците Андраши и Ракочи, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Цитаделата, Тврдината со градските палати, црквата на кралот Матејаш, Рибарската тврдина… до пладне. Факултативно крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 05.12: БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Доручек. По доручекот поаѓаме кон Виена. Разглед на градот со локален водич како: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, парламентот, дворците Белведере и Шембрун, Операта, катедралата Св.Стефан.. Слободно време за прошетка во центарот на Виена до послепладне кога поаѓаме кон Прага. Сместување во хотел во Прага. Ноќевање.

 

4 ден 06.12: ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Доручек. По доручекот целодневна факултативна посета на Дрезден. Разглед на градот со локален водич: Богородичната црква на плоштадот Нојмаркт, палатата Цвингер со Нимфината фонтана, операта Зепмпер, Кралскиот Дрезденски дворец, Бриловата тераса, Дрезденската катедрала… Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден 07.12: ПРАГА – ПРИЛЕП

Доручек. По доручек разглед на Прага со локален водич: Горниот град, дворецот Хтадчини, катедралата св. Вито, Карловиот мост, споменикот на Карло IV, Старомајскиот плоштад со Астрономскиот часовник – Орлој, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка… до послепладне по што тргнуваме за Македонија.

 

6 ден 08.12: МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија околу пладне.

 

 

Цената на аранжманот изнесува 219€

(Задолжителна уплата на разглед на Виена во агенција)

 

Во цената на аранжманот е пресметано:

  • Пат на наведената релација со високо-туристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во Будимпешта
  • 2 ноќевања со појадок во Прага
  • Разглед со локален водич на Будимпешта
  • Лиценциран водич и придружник од агенцијата
  • Организација и реализација на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е пресметано:

  • Здравствено патничко осигурување без франшиза – 350,00 ден
  • Разглед на Виена со локален водич – 20€
  • Факултативно крстарење со брод по Дунав – 25€
  • Факултативна посета на Дрезден – 40€
  • Разглед со локален водич на Прага – 20€
  • Туристичка такса за трите ноќевања – 8€
  • Се она што не е предвидено со програмата

 

Напомена: Ноќевањата се во хотели со 3*** во 1/2, 1/3 и 1/4 соби на база ноќевање со појадок. За реализација на факултативите потребна е застапеност од 70% од вкупниот број на патници.

Факултативниот разглед на Виена се уплаќа во агенција пред поаѓање, како и туристичката такса.

Уплатата е во денарска противвредност 1€ = 62 денари.

Share This