БУКУРЕШТ и Трансилванија -Божиќни маркети / 149 евра

БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

БОЖИЌЕН МАРКЕТ

 Букурешт во своето најубаво, празнично издание!

Уживајте во магијата на Божиќниот маркет, празничните светилки, мирисот на зимските деликатеси и прекрасната атмосфера што го исполнува градот.

Една зимска приказна што вреди да се доживее!

Itinerary

04.12.2026 (ПЕТОК) МАКЕДОНИЈА – БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18 часот, планирано поаѓање во 18:30 од пред спортска сала во Битола. Попатно собирање на патници од Прилеп, Велес, Росоман, Скопје и Куманово (доколку има пријавени патници).
Агенцијата е должна да ги извести патниците за сат и место на поаѓање до два дена пред поаѓање. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

05.12.2026 (САБОТА) БУКУРЕШТ

Пристигнување во Букурешт во утринските часови. Следува разглед на градот. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј… По разгледот се сместуваме во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Вечерта организирана посета на Божиќниот пазар во Букурешт со организиран превоз и придружник – (Факултатива – 5 евра). Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

06.12.2026 (НЕДЕЛА) ПЕЛЕШ – БРАН – БРАШОВ 

Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен факултативен излет кон Трансилванија. Посетуваме три места, три различни приказни и едно незаборавни патување низ Трансилванија! Замокот Пелеш е еден од најубавите замоци во Романија сместен во прекрасниот планински предел на Карпатите. Богата архитектура, раскошни ентериери и вистинска кралска атмосфера. Замокот Бран или Замокот на Дракула е еден од најпознатите и најпосетуваните во Романија и претставува  вистинска атракција за сите љубители на историјата, легендите и мистичните приказни. Прошетката низ замокот ве враќа во едно поинакво време, исполнето со легенди и мистериозна атмосфера.. На крај се упатуваме према Брашов – Срцето на Трансилванија сместен во подножјето на Карпатите е еден од најубавите и најшармантните градови во Романија. Прошетка низ стариот град. Во договорено време со водичот се враќаме во Букурешт. Ноќевање.

07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ТЕРМАЛНИ БАЊИ – МАКЕДОНИЈА

По појадокот го напуштаме хотелот и се упатуваме према Термалните бањи (факултативно). Предвидено слободно време од околу 3 часа.Во договор со водичот собир на групата и поаѓање према Македонија. Патувањето е транзитно преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови или во раните утрински часови на 08.12.2026.

ПРОМО ЦЕНА : 149 ЕУ за резервации до 31.10.2026
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 ЕУ

Во цената е вклучено:
-Aвтобуски превоз на дадената релација (Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Куманово)
-2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Букурешт
-Разглед на Букурешт со локален водич
– Tуристички придружник за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

Вечерна посета на Christmas Market – 5€

Факултатив – ТРАНСИЛВАНИЈА – 65 ЕУ (вклучен превоз, посета и влезница на Пелеш, Брашов и Бран(тука не е вклучена влезницата во замокот-цена индивидуално се плаќа на лице место)).

Факултатива – ТЕРМАЛНИ БАЊИ – 45 ЕУ (вклучен превоз и влезница)

Патничко осигурување – информации во агенција

Доплата за еднокреветна соба + 50 еу

НАПОМЕНА!!!

* За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.

* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.

* Патувањето мора да биде со валиден пасош. За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.

* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

* Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

* Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.

* Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.

* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

Share This