БУКУРЕШТ и Трансилванија -Нова Година / 189 евра

БУКУРЕШТ – ТРАНСИЛВАНИЈА

Дали сте спремни за Нова Година во Букурешт? Истражете ја Романија и откријте ја мистичноста на Трансилванија. Раскажете една поинаква новогодишна приказна. Одлична можност да ги посетите и доживеете замоците на Трансилванија на еден поинаков начин, покриени со снежна покривка.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1.ДЕН 30.12.2025 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ

Собир на групата кај на паркингот С.Ц. Борис Трајковски . Поаѓање кон Романија во 20 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

2.ДЕН 31.12.2025 (СРЕДА) БУКУРЕШТ

Очекувано пристигнување во утринските часови во Букурешт по што веднаш се започнува со разглед на градот. Започнуваме со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело. Плоштадот на Револуцијата е следното место на посета. Тука ќе се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.
Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.
Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Тепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.
Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта дочек на Новата 2026 година на некој од плоштадите. Ноќевање.

3.ДЕН 01.01.2026 (ЧЕТВРТОК) БУКУРЕШТ – ТЕРМАЛНИ БАЊИ (THERME)

Појадок. Околу 14:00 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот
Дозволете си еден поинаков ден, во неколку часовно целосно опуштање во Термалните Бањи. Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот. Враќање во хотел во договорено време, слободно време за одмор, ноќевање.

  1. ДЕН 02.01.2026 (ПЕТОК) БУКУРЕШТ – ТРАНСИЛВАНИЈА

Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран.
Пелеш
Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.
БРАН “домот на Дракула”
Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.
Враќање во Букурешт во вечерните часови. Ноќевање.

ЦЕНИ:

СМЕСТУВАЊЕ ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ

31.12 – 03.01

 

HELLO HOTELS GARA DE NORD 1/2 189€
1/3 179€

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на релација Скопје- Букурешт – Скопје.
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел 3* .
  • Организација на Новогодишна прослава на плоштад со превоз.
  • Пратител и организација на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативен излет „Трансилванија“: Посета на замокот Пелеш (вклучена влезница) и посета на замокот Бран  влезницата се купува индивидуално (со превоз и пратител).
  • Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (превоз и влезница за бањите со користење  до 3 часа).
  • Туристичка такса од 1.5 евро / ден / ноќ (се плаќа во агенција).
  • Патничко осигурување

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

РАЗГЛЕД НА БУКУРЕШТ – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА (15 €)

Сместен на карпеста почва над Атина, Акропол е цитадела што најдобро ја прикажува архитектурата на класичниот свет. Најпознатата градба на овој камен рид е Партенон, храм посветен на божицата Атена (Ἀθηνᾶ) која била божица на цивилизацијата, т.е. на мудроста, женските вештини, ткаењето, занаетот и дисциплинарните страни на војната (насилството и крволочноста биле Аресов домен). И покрај вековните војни, земјотреси, грабежи и атмосферски влијанија, повеќето градби сè уште стојат.

THERME (45 €)

Therme Bucuresti е најголемиот велнес центар во Европа. Може да се пофали со низа неверојатни објекти, вклучувајќи термички загреани внатрешни и надворешни базени, тематски сауни, минерални базени, тобогани, парни соби и инфра-црвени третмани – тоа е совршено место за одмор и релаксација. Џиновскиот комплекс се простира на 30.000 квадратни метри, има капацитет за 800 луѓе и е на 20 километри од Piata Romana во центарот на Букурешт. Тоа е, исто така, најголемата ботаничка градина во Романија и има над 800.00 растенија (вклучувајќи 1.500 палми) во комплексот. Во комплексот има три различни области – Галакси(ние ја посетуваме Галакси), Палма и Елисиум, секоја има свои опции за јадење и нуди различни објекти, атракции и третмани. Доколку патувате како семејство, без гајле, Терме комплексот нуди и игротека дел за најмалите членови на семејството.

ТРАНСИЛВАНИЈА (45 €)

Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов. Пелеш Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот. БРАН “домот на Дракула” Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место. Брашов Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
За реализација на факултативите потребно е да има минимум 30 патници.

Share This