ДУБАИ 27.11.26/ 5 ноќи – од 655 евра

ДУБАИ | Hotel Novotel Dubai World Trade Centre 4* или ibis Dubai One Central 3*

27.11.2026 – 02.12.2026

(6 дена – 5 ноќи)

1 ден 27.11.2026 СКОПЈЕ – ДУБАИ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:30 часот. Полетување за Истанбул во 17:35 часот со лет PC
354. Слетување во Истанбул во 21:00 часот по локално време. Полетување за Дубаи во 23:00 часот локално
време со лет PC 746. Слетување на аеродромот во Дубаи во 04:15 часот наредниот ден по локално време.
Трансфер до хотел. Сместување во избраниот хотел со early check-in (вклучено во цената на аранжманот).
Ноќевање.

2 ден 28.11.2026 ДУБАИ
Појадок. Слободен ден за одмор и рекалсација. Попладнето можност за факултативен излет. Ноќевање.
Предлог факултативи:
– Вечерно крстарење со традиционален брод – Дубаи Марина со вклучена вечера (60 € по лице)
Двочасовно опуштено крстарење низ марината, опкружено со спектакуларниот вечерен амбиент,
модерните облакодери и светлата на Дубаи. За време на пловидбата ќе уживате во богата вечера на
база на отворена шведска маса, со разновидни јадења и безалкохолни пијалаци.
– На врвот – Burj Khalifa 124 кат (само влезница 60 € normal hours/ 75 € prime hours 15:30-18:00 часот )
– Dubai Frame
– The Green Planet Dubai
– Dubai Miracle Garden
– Dubai Butterfly Garden
– Global Village Dubai
– AYA Universe Dubai
– House of Hype Dubai
– Dubai Dolphinarium

3 ден 29.11.2026 ДУБАИ – ПОЛУДНЕВЕН РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ
со водич на англиски јазик ( факултативен излет – 50 € по лице )
Појадок. Подгответе се за незаборавно запознавање со Дубаи – градот каде традицијата, луксузот и
футуристичката архитектура се среќаваат на едно место. Најпрво ги посетуваме Spice Souq и Gold Souq, каде ќе
ја почувствуваме автентичната атмосфера на стариот Дубаи, со мириси на ориентални зачини и блесокот на
златото. Продолжуваме покрај Port Rashid и Etihad Museum, а следува фото-пауза кај прекрасната Jumeirah
Mosque. Возејќи по Jumeirah Road, стигнуваме до Jumeirah Beach, каде ќе уживаме во погледот кон морето и
ќе направиме незаборавни фотографии со Burj Al Arab во позадина. Продолжуваме покрај Al Qasr Palace и
Ruler’s Palace, а потоа влегуваме во спектакуларниот свет на Palm Jumeirah, познатиот вештачки остров во
форма на палма. Нашето разгледување продолжува по Sheikh Zayed Road, со панорамски разглед кон
впечатливите облакодери, Mall of the Emirates, Burj Khalifa највисоката зграда во светот, и футуристичкиот
Museum of the Future, по што поминуваме покрај World Trade Centre. Разгледот завршува со панорамски
разглед на Dubai Frame, впечатливата златна рамка која симболично ги поврзува стариот и модерниот Дубаи.
Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ден 30.11.2026 ДУБАИ – Dubai Desert Safari со BBQ вечера ( вклучено во цената на аранжманот )
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Попладнето оранизирана ескурзија Dubai Desert Safari
со BBQ вечера (вклучено во цената на аранжманот) со 4×4 возило, во споделена група. По пристигнувањето во
пустината нè очекува возбудливо dune bashing – адреналинско возење преку златните пустински дини,
проследено со пауза за фотографирање и уживање во зајдисонцето над пустината. По пустинската авантура
продолжуваме кон традиционалниот пустински камп, каде ќе имате можност за кратко јавање камила и
опуштање во автентична арапска атмосфера. Вечерта е збогатена со атрактивна програма во живо,
вклучувајќи стомачен танц (Belly Dance), Tanoura и Fire Show. За крај ве очекува богата BBQ вечера на база на шведска маса, со разновидни јадења и безалкохолни пијалаци. По вечерата следува трансфер назад кон
хотелот. Ноќевање.

5 ден 01.12.2026 ДУБАИ – АБУ ДАБИ Целодневна градска тура ( факултативен излет – 70 € по лице )
Појадок. По појадокот подгответе се за целодневно откривање на главниот град на Обединетите Арапски
Емирати. Нашата прва станица е величествената Sheikh Zayed Grand Mosque, една од најимпресивните џамии
во светот, позната по својата раскошна архитектура, бел мермер и прекрасни детали. Потоа продолжуваме
кон BAPS Hindu Mandir, впечатлив хинду храм и симбол на културната разновидност на градот. Следува посета
на Art Gallery Museum. Продолжуваме со возење покрај Al Bateen Presidential Palace. Панорамски поглед кон
палатата на Неговото Височество од автобус. Пауза за фотографирање кај величествениот Emirates Palace
Mandarin Oriental, еден од најпознатите симболи на луксузот во Абу Даби. Нашето разгледување продолжува
кон Marina Mall, каде ќе имате слободно време за шопинг. По паузата продолжуваме низ Saadiyat Island,
познат по своите културни знаменитости и прекрасното крајбрежје, а потоа возиме по Corniche, прочуеното
крајбрежно шеталиште со прекрасни погледи кон градот и Арапскиот Залив. Следува посета на Heritage
Village, каде ќе се запознаеме со традиционалниот начин на живот и културното наследство на Емиратите.
Потоа правиме кратка пауза на Date Market, каде ќе имате можност да ги разгледате и купите познатите урми
и традиционални производи. За крај продолжуваме со возење кон Yas Island, еден од најпознатите забавни и
туристички центри на Абу Даби. Турата ја завршуваме со пауза за фотографирање кај Ferrari World Abu Dhabi,
препознатливиот тематски парк и една од најпознатите атракции на островот. Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден 02.12.2026 ДУБАИ – СКОПЈЕ
Одјавување од хотелот во раните утрински часови. Трансфер до аеродромот во Дубаи. Полетување за
Истанбул во 07:20 часот по локално време со лет PC 749. Слетување во Истанбул на аердором Sabiha Gökçen
во 11:20 часот по локално време. Полетување за Скопје во 17:15 часот локално време со лет PC 353.
Слетување на аеродромот во Скопје во 16:40 часот.

 


ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ЗА ПРВИТЕ ПРИЈАВЕНИ

Хотел Услуга Цена по лице Доплата за
3-то лице
дополнително легло
Доплата за дете
(3 – 11 год)
без легло
Доплата за бебе (0 – 1,99)
без легло
ibis Dubai One Central 3* Ноќевање со појадок 655 € / / 220 €
Novotel Dubai World Trade Centre 4* Ноќевање со појадок 715 € 699 € 499 € 220 €

 

Детали за летот:
PC 354 27NOV SKP-SAW 17:35-21:00 / PC 746 27NOV SAW-SHJ 23:00-04:15+1
PC 749 02DEC SHJ-SAW 07:20-11:20 / PC 353 02DEC SAW-SKP 17:15-16:40

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски билети на релација Скопје – Sharjah – Скопје со Pegasus Airlines
– Рачен багаж до 8 кг и чекиран 20 кг багаж по лице
– Трансфер од аеродром – хотел – аеродромот
– Early check–in во избраниот хотел
– 5 x ноќевања со појадок во избранот хотел со 3★ или 4★ во стандардни соби
– Dubai Desert Safari со BBQ вечера
– Организација и реализација на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко здравствено осигурување
– Факулативни излети и останати индивидуални трошоци и индивидуални посети
– Туристичка такса која се плаќа директно на рецепција во хотел на лице место при check in или при
check out ( 2-4 € по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).

 

НАПОМЕНИ:
– Потребна е целосна уплата при резервација , која е без право на промена на име или отказ.
– Задолжително е поседување на валиден пасош со минимум 6 месеци од денот на враќањето.
– Цените се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и
продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле
аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови, места и саатници
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот
на пријавени лица предвидени по програмата.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Саватоурс , Мај Травел  и СКТМ.

Share This