Hotel Eleni – Ammoudia,
Epirus, Greece
Опис: Hotel Eleni Ammoudia е семеен хотел со топла и пријатна атмосфера, сместен на само 200 метри од песочната плажа во прекрасното крајбрежно место Амудија. Познат е по одличната хигиена, љубезниот персонал и домашниот амбиент што нуди идеални услови за релаксиран одмор. Гостите го избираат поради одличниот сооднос на квалитет и цена, мирната околина и близината до познатите природни и историски знаменитости на Епир.
Локација: Хотелот се наоѓа во местото Амудија, на западниот брег на Грција, во регионот Епир, на 18 км од Парга и околу 45 км од аеродромот Акцион (Превеза). Од песочната плажа го делат само 3 минути пешачење. Во близина се наоѓаат реката Ахерон, археолошкиот локалитет Некромантејон, древната Ефира и заштитениот природен резерват Калодики.
Сместување и содржини: Објектот располага со 26 соби: 17 двокреветни и 7 трокреветни, со можност за дополнително легло. Сите соби се просторни, модерно уредени, опремени со: клима-уред, телевизор, телефон, приватен тоалет со туш, фен, фрижидер, работна маса, балкон или тераса со поглед кон градина
Во хотелот гостите имаат на располагање: бар и кафетерија, простор за појадок шведска маса избор (домашни колачи, сирење, овошје, сокови…..), уреден двор со зеленило, салон/TV просторија, бесплатен јавен паркинг во близина
Двор и удобности: Хотелот располага со убаво уреден двор и пространа сончана тераса со маси и столови за одмор. Во непосредна близина се наоѓаат таверни, пекари и маркети, што овозможува пријатен престој без потреба од возење.
Услуга и хигиена: Собите се чистат секојдневно, а пешкирите и постелнината се менуваат на 3-4 дена. Гостите во рецензии ја истакнуваат исклучителната љубезност на домаќините, чистотата и појадокот. Хотелот се издвојува по топлината на персоналот и одличната организација.
Предности
– Одлична локација на 3 минути од плажа
– Чисти и пространи соби
– Појадок Шведска маса со домашни производи
– Бесплатен паркинг и Wi-Fi
– Мирна околина и семејна атмосфера
– Одличен буџет понуда во однос цена/квалитет
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз Скопје – Амудија – Скопје
* Сместување со Појадок за 7 ноќи
* Туристички придружник за време на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)
НАПОМЕНИ:
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на собите после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Ваикики Травел.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовните цени;
– Доплата за превоз: 55€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
Видео презентација за HOTEL ELENI – AMMOUDIA BEACH
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ПОЈАДОК И ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ
– 3то и 4то ЛИЦЕ ГРАТИС ПЛАЌА САМО ПРЕВОЗ –
За користење на сопствен превоз се намалува -20 ЕУР по лице
-20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2025
| Период | 1/2+exb Avtobus+Pojadok |
1/2+2 Avtobus+Pojadok |
|---|---|---|
| 26.05.2026 7 ноќи |
||
| 02.06.2026 7 ноќи |
152 | |
| 09.06.2026 7 ноќи |
160 | 176 |
| 16.06.2026 7 ноќи |
||
| 23.06.2026 7 ноќи |
216 | |
| 30.06.2026 7 ноќи |
||
| 07.07.2026 7 ноќи |
240 | |
| 14.07.2026 7 ноќи |
256 | |
| 21.07.2026 7 ноќи |
272 | |
| 28.07.2026 7 ноќи |
||
| 04.08.2026 7 ноќи |
||
| 11.08.2026 7 ноќи |
||
| 18.08.2026 7 ноќи |
256 | |
| 25.08.2026 7 ноќи |
||
| 01.09.2026 7 ноќи |
||
| 08.09.2026 7 ноќи |
||
| 15.09.2026 7 ноќи |
||
| 22.09.2026 7 ноќи |
Цените во табелата се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд
