Gyalos Beach Неа Мармарас 2027

ВИЛА ГЈАЛОС БИЧ – НЕОС МАРМАРАС, СИТОНИЈА
ЛЕТО 2027 | 7 НОЌЕВАЊА | НАЕМ НА СТУДИО
BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
До 30% попуст за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
Опис
Вила Гјалос Бич се наоѓа на одлична локација во Неос Мармарас, на околу 50 метри од плажата, во близина на центарот и марината. Во околината има продавници, таверни и кафулиња, што овозможува практичен престој со лесен пристап до плажата и содржините на местото. Вилата нуди двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија, вклучувајќи студија со поглед кон морето.
Локација
📍 Неос Мармарас, Ситонија – втор крак на Халкидики, Грција
Плажа: околу 50 метри
Во близина на центарот и марината.
Сместување и содржини
Вилата располага со 9 студија:
– 5 двокреветни студија:четири со поглед кон морето и едно со поглед кон планината и страничен поглед кон морето;
– 2 трикреветни студија на приземје;
– 2 четирикреветни студија.
Студијата располагаат со:
– Сопствена бања со туш;
– Мини-кујна со фрижидер и основен прибор за подготовка на лесни јадења;
– Телевизор;
– Wi-Fi интернет;
– Клима-уред, со дополнителна доплата;
– Комарници;
– Балкон или тераса;
– Постелнина и пешкири.
Во објектот има можност за користење скара. Вилата нема сопствен паркинг.
Категории во ценовникот
– STD 1/2 SSV– двокреветно студио со страничен поглед кон морето;
– STD 1/2 SV – двокреветно студио со поглед кон морето;
– STD 1/3 – трикреветно студио;
– STD 1/4– четирикреветно студио.
Услуга и хигиена
Сместувањето е на база наем на студио, без оброци. Постелнината и пешкирите се обезбедени и се менуваат според организацијата на објектот. Секојдневната хигиена во студиото за време на престојот ја одржуваат гостите.
ПРОГРАМА НА ПРЕСТОЈОТ
1. ден | Пристигнување во Неос Мармарас
Пристигнување и сместување во Вила Гјалос Бич по 14:00 часот по локално време. Слободно време за одмор, плажа и индивидуално запознавање со местото. Ноќевање. За гостите кои користат организиран автобуски превоз, местото и времето на поаѓање ги соопштува агенцијата пред патувањето.
2.–7. ден | Престој во Неос Мармарас
Слободни денови за одмор, капење, прошетки и индивидуално запознавање со Неос Мармарас и околните плажи на Ситонија. Ноќевања во Вила Гјалос Бич.
8. ден | Завршување на престојот
Напуштање на студијата до 10:00 часот по локално време. За гостите со организиран автобуски превоз, враќањето е во термин соопштен од агенцијата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
– 7 ноќевања во избраната категорија студио;
– Користење на опремата и содржините во студиото, освен услугите за кои е наведена доплата;
– Постелнина и пешкири.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
– Автобуски превоз;
– Патничко осигурување;
– Користење клима-уред: 5 € на ден по студио;
– Туристичка такса: 14 € по студио за престој од 7 ноќевања, која се плаќа во агенцијата;
– Оброци;
– Факултативни излети и влезници;
– Останати индивидуални трошоци.
*АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – СО ДОПЛАТА
Повратен автобуски превоз:
– Возрасни: 50 € по лице;
– Деца до 12 години: 40 € по лице;
– Деца до 2 години: бесплатно, без сопствено седиште.
Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата. Точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето.
ЦЕНИ И УСЛОВИ
– Цените се дадени за наем на цело студио за 7 ноќевања, согласно предвидениот капацитет.
– Автобускиот превоз не е вклучен во цените од табелата.
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
– Датумите во ценовникот го означуваат периодот на престој, од пристигнување до напуштање на студиото.
– При резервација се избира категоријата на сместување, според расположливоста.
– Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото.
– На веќе прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен промотивен попуст.
ПОПУСТ ЗА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ
За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена.
Овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
– Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на студијата е до 10:00 часот, по локално време.
– Кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Фотографиите прикажуваат повеќе студија и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот и распоредот може да се разликуваат меѓу студијата.
– Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови.
– За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
– Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
– Секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.
– За аранжманот важат Општите услови за патување и Правните напомени на Ваикики Травел.
Видео презентација за ВИЛА ГЈАЛОС – НЕОС МАРМАРИС
Локација/ Кординати:  40.091626, 23.790781 
BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
До 30% попуст за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ

 

Период STD 1/2 SSV
Naem
STD 1/2 ПОГЛЕД МОРЕ
Naem
STD 1/3
Naem
STD 1/4
Naem
23.05.2027
7 ноќи
продадено 249/175 249/175 269/189
30.05.2027
7 ноќи
продадено 339/238 339/238 359/252
06.06.2027
7 ноќи
продадено продадено продадено продадено
13.06.2027
7 ноќи
539/486 559/504 559/504 579/522
20.06.2027
7 ноќи
569/484 589/501 589/501 609/518
27.06.2027
7 ноќи
569/456 589/472 589/472 609/488
04.07.2027
7 ноќи
609/488 629/504 629/504 649/520
11.07.2027
7 ноќи
629/504 649/520 продадено 669/536
18.07.2027
7 ноќи
679/578 699/595 699/595 719/612
25.07.2027
7 ноќи
679/578 699/595 699/595 719/612
01.08.2027
7 ноќи
699/630 729/657 729/657 749/675
08.08.2027
7 ноќи
699/630 729/657 729/657 749/675
15.08.2027
7 ноќи
продадено 699/630 699/630 719/648
22.08.2027
7 ноќи
679/544 699/560 699/560 719/576
29.08.2027
7 ноќи
продадено 559/392 продадено 579/406
05.09.2027
7 ноќи
продадено 429/301 429/301 449/315
12.09.2027
7 ноќи
продадено продадено продадено 359/252
19.09.2027
7 ноќи
продадено 249/175 249/175 269/189

 

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд

 

Share This